Искуства од постари колеги за 4 семестар дали е турбулентен како 3ти, на што да се стави главен фокус?
Здраво сакам да прашам дали знае некој дали се плаќа некој казни или се плаќаат семестри. Конкретно за мојот случај запишав втор факултет и ми беше избор медицинска сестра, запишав што запишав никогаш не се појавив. Поминаа 2 години не ги известив ништо на студенски прашања бидејки сум надвор од државата. Ме интересира дали ако отидам и барам да се отпишам ќе треба нешто да платам. Ви благодарам!
Дали некој знае, ако при упис се надмине бројот на кредити (35) на iknow, може да ги додадат предметите во деканат? И колку максимум кредити може да се запишат по семестар? Конкретно за упис во 3та година ме интересира, за запишување редовни предмети (5) + предмети што се презапишуваат (4) = вкупно 9 предмети излегуваат за еден семестар, околу 50 кредити. Гледам во претклиничките години по 30-35 кредити може, а и јас еднаш имав запишано повеќе, не ми направија проблем. Во 6та година, дури 60 кредити по семестар имаат. Дали треба молби нешто да се достават до деканат..? Мислам дека штом не си го ставила во мирување, треба да се платат сите изминати семестри. Најдобро е директно да ги исконтактираш од деканат, најточно ќе ти кажат.
И јас имав така нови предмети и плус за презапишување околу 45 кредити имав, само им кажав во деканат и кога носев документи тогаш ми ги упишаа останатите предмети на iknow.
Дали е проблем ако се однесат за за заверка и упис на рокот шо е за вонредни студенти или нема да има?
Не знамм Планирам четврток или петок да одам до факултет и да прашам. Знам за патофиза дека е 550 учебникот, а практикум не донеле.
Микро практикуми не носат у книжарата, нема да ги начекате ке ви дадат број од човекот и ке ви речат нарачајте од кај него негде 900 денари беше ако не се лажам
Јас учев од скрипта освен хепатобилијарен шо го учев од робинс оти во скрипта ништо не пишува И за дојка даваат материјал и тоа не го учев од скрипта Некој го има земено изборниот клиничка анатомија на респираторен тракт да ми каже што треба да се прави?
Јас го имав тој изборен. Професорката Зафирова беше, веројатно истата е и сега. Ни кажа теми за семинарски, направивме и ги презентиравме. Супер е професорката, кажува се како треба, материјали од каде да се земат, насоки.. Супер избор за изборен Не знам сега со онлајн како ќе е, најдобро одговорниот професор да го исконтактирате.