Овие од катедра генетика зашто се волку спори со резултати. Веќе скоро 1 месец чекаме резултати (на 20.01 полагавме) и стално викаат ајде денес/утре , денес/утре и ги нема... неколку пати им пишавме и на фб и на мејл нигде не одговараат. За предавања немам зборови , супер се но за прегледување катастрофа. 40 теста не можат за 30 дена да ги прегледаат...
Зависи, еве за нас општа имуно за нецела недела објавија резултати во files на teams. Провери таму може да има. А пример лани генетика се чекаше за резултати особено тие прв рок јуни, ги чекаа прв рок и втор рок заедно.
Дечки, дали некој знае за сигурно дали се дозволува поништување оценка, поточно имунологија? Резултатите некако се лом и не знам како толку имаат кратено барем за мене знам напишав и учев многу повеќе од добиените резултати? Дали прават проблем ако се поништи испитот?
Кога полагавме цела анатомија, најмногу торакс прашуваа, трункус симпатикус, медијастинум, белодробен хилум, сегменти на бели дробови, срце некој дел, спроводен систем, коронарни артерии, инервација на бели дробови и срце, трахеа и разгранување.
Колеги, дали за прв колоквиум од физио 2, за ЦНС, учите/учевте од Гајтон или од скрипта? Или и од двете?
Скрипта и презентации, а од Гајтон тоа што има пишано проф првично за да научам, па после Гајтон и за се останато за да досовладам.
Корисни линкови, илустрации, атласи за Анатомија 2 некој ако има да сподели? Или барем да каже како го учел материјалот за торакс?
Од атлас и од видеа на јутуб. Има убави видеа за медијастинум со кратенки да ги запамтиш сите структури. Пиши ми ќе ти ги пратам