Колешки дали знаете дали е точна информацијата дека колеги се заразиле со ковид при полагање радиологија во амфитеатар? Ме засекира информацијата зашто и ние треба физио 2 да полагаме со физичко присуство, а многу студенти сме..
Нема од што да се плашиш, во амфи на полагање шансите се преминимални да се заразиш, ептен мала бројка на студенти сме, спрема големината на просторијата, плус постојано има проветрување.
Претходниот семестар сите колоквиуми ни беа со физичко присуство на нас од 4та, па не слушнав некој да се зарази од таму. Немај гајле на растојание е сѐ, избројан ќе биде бројот на студенти и седите на поголемо растојание
Koleshki, dali anatomija 2 prashuvaat cesto za zidot na gradniot kosh ili povekje se fokusiraat na organite?
11:30 до 13:30. Ние како што ја полагавме цела анатомија одеднаш не не замараа премногу со ѕидови, ама сепак ќе поставеа некое прашање. Обавезно учи површинска анатомија последните неколку страни што се од секој дел, такво прашање добиваш 100%.
Рандеву и Public се до последно место е пополнето, ама вежби никако со физичко присуство, има висок ризик.
Има некакво известување од имунологија до кога може да се носат индекси и пријави за оценка? Следам по групи и тимс, ама да не сум пропуштила нешто случајно.
Колеги доколку следите инста страни со медицинска содржина , ако сакате заследете ја страницата lab.techmk , ќе бидат објавувани мини едукативни содржини со цртежи/шеми на македонски стрикно со науките поврзани со лабораториската и молекуларна медицина....
Ако мислиш на диплома од средно, тогаш носиш само молба и следната ден/истата ден зависи, би требало да ти ја дадат
Искуство со катедра по физиологија за делот физиологија на клетка од МИФ Нас ни кажаа есејски прашања ќе имало , на што да се обрне внимание , колку време даваат на испит, дали бараат детално објаснето и некои други специфики ако може да споделите. Книгава ми се чини ептен сложена за разлика од делот морфологија и секакви глупости се изнапишани па затоа ме интересира генерално мислење за испитов.
Ние лани кога полагавме, прашањата беа есејски, и не беа нешто страшни, памтам ендо и егзоцитоза имаше, таков тип на прашања.. Ако добро имаш научено, ќе ги одговориш, колку што се сеќавам беа баш basic..Но сепак, ако не грешам, имаше повеќе паднати студенти, отколку положени. Ова за Јануари, во Јуни и Септември не знам како било..
Есејските беа лесни, само требаше да се внимава што и како се пишува затоа што знам дека многу од колегите немаа добиено поен оти на професорите "не им се допаѓало како е напишана реченицата", а исто така имаше случаи каде што некои прашања и воопшто не беа прегледани. За време мислам дека имавме некаде околу 45мин или 1час, не се сеќавам баш. Како што кажа колешката, прашањата беа бејзик, а во јуни и септември немаше есејски, на заокружување беа, немаше многу време и беше хаос.
Од јануари имаше 5 есејски прашања : првото беше секогаш да опишеш тип/вид на транспорт дифузија нормална/олеснета дифузија , активен транспорт (примарен/секундарен), или пак можеше да биде клеточно движење егзоцитоза, ендоцитоза, пиноцитоза, фагоцитоза. Второто прашање беше опис на органела: рЕР, мЕР, рибозоми, Голџи, митохондрии, пероксизоми, лизозоми Третото прашање беше за мускулна клетка : АП на мускулна клетка, МПМ на мускулна клетка, контракција и релаксација на мускулна клетка (кај некои се паѓаше за скелетна мускулна клетка, кај други мазна мускулатура кај трети срцева) . Може и да има компаративно прашање споредба на контракција или АП кај мазна наспроти СМК. Четврто беше за нервна клетка по ист принцип на мускулна АП, МПМ на неврон , како се шири нервен импулс, невротрансмитери и така натаму. Петто прашање од поглавје клеточни комуникации и сигнализации , cAMP, cGMP прочитај од таму се.