До лани микро воопшто не се носеле во книжара. Треба да прашаме од каде од друго место се купуваат. Баш тетката од книжарницата сама ми кажа дека микро матерјали не носат во деканат за продажба.
Ја од копирница уште пред да почне семестарот си земав микро скрипта, не им фрлам пари за оригинал книги и онака ги шарам и шкртам за учење. Али гледам вие оригинал барате. Практикум ќе земам оригинал пошо барале ама знам тоа одело преку купување од луѓе ван факс, не верувам да ни донесат у книжара...
Колешки, дали анатомија 2 детално ги бараат соодносите, пример соодноси на аорта за секоја сегмент и гранки има милион соодноси, сите треба да се знаат? Дали ќе ги има на писменото или само усно?
Во принцип на прашањата на заокружување даваат ситници, така да може да има нешто од тоа. Не знам што би ви дале на тестот ние лани немавме прелиминарни за двојката поради корона. А усно зависи од професорот, али во принцип бараат, посебно аортата убаво да ја знаеш деловите. Не е толку тешко, гледај слики и кога ќе си створиш претстава во глава ќе знаеш и по логика да кажеш кое каде е. Истите работи се во соодноси само од различна страна поставени во однос на соодветните крвни садови и органи.
Хигиена еден колоквиум има во трета колоквиумска, еден во испитна + усно полагање или сега ради коронава има измени? Во изминатата сесија знае некој како и дали усно или писмено полагале по предметов?
Каква катедра се социјална медицина? Имаме интегриран предмет социјална медицина кој е составен од сите предмети вовед во медицина , промоција на здравје , здравствен менаџмент , здравствено и социјално законодавство од другите ТСС и ОМ , предметов носи 4,5 кредити додека сите др носат по 2. Не знам шо да очекувам , според програма треба да имаме 2 колоквиума али една проф. Тозија Фимка како ли да се вика кажа ќе си имате само 1 завршен тест , некако како изгубени ми се сите што предаваат и премногу досадни се па не ни ги слушам. Не знаат да кажат ни од каде да се спремаш ни што да читаш ни викаат 3 книги биле... катастрофа. Тешки ли им се испитите?
Не им се тешки ама мислам дека ги прегледуваат туку така, односно како ќе им дојде, инаку изгубени се и често и комуникацијата е отежната освен ако не напнеш.
Мене ми беа едни од подобрите катедри, лесно се проаѓаше кај нив, проф. Фимка е исто многу фина, веднаш враќа на меил и изборни дури си земав кај неа од шо ја засакав у прва година. Лесни им се тестовите и повеќето високи оценки имаме кај нив, бар за тие што бевме кај проф. Тозија зборам од мои групи. Е, за проф. Моме и проф. Елена не знам баш, освен на предавања не сум имала со нив комуникација, но претпоставувам дека генерално со нив не би требало како катедра проблем да имате, не сум слушнала некој со тие предмети нешто проблем да има кај нас, сите положуваат тоа.
Јад полагав кај проф. Елена Ќосевска и ни даде две есејски да пишуваме и скоро на сите ни имаше 5 поени скратено нели за да не биде максимум ама сите во главно имавме 8-9-10. Есејските што ни ги даде ги вртеше цело време и по другите термини што полагаа
Мислење од постарите колеги за англиски1, од 90 јас добив 75 бода која оценка би ја дибил и дали дава бодови од активност? Полагав на 09.02 а уште ја нема за оценки да каже
Да има поени од активност, но тие проф ќе ви ги додаде на поените од тестот и така ќе формира оценка, само англиски оценките се пишуваат според скалата на поени од филолошки, така што со помалку поени имаш повисока оценка. Само немаат сите максимум на тие од активност, тие што биле активни на сите предавања и вежби имаат само максимум.
Ние лани кога полагавме поените од активност не ги даваа на сите, туку само на тие шо одговарале на прашања на вежби и предавања. Така да можеш да си пресметаш колку си била активна плус поените од тестот и плус минимумот од предавања и вежби што е. На страната на факултетот имаш скала за оценки по предметот англиски јазик и плус имаш кое по колку поени ти носи.
Дали знаете што ќе биде со колоквиумот од физиологија 2? Нели имало допис до сите катедри дека не смее во живо ништо да се полага, а последно што слушнавме од таа катедра е дека дефинитивно во живо ќе биде.
Мислам дека ќе се полага онлајн со оглед на тоа што рекоја дека дoколку нема рестриктивни мерки ќе полагаме на факултет, а со тоа што од утре ќе има полициски час по некоја си логика би требало онлајн да полагаме