Некој што полагал граден кош кај аце додевски да кажи како испрашува, дали бара од се по нешто или се задржува пример на срце и за тоа испрашува?
Немам полагано торакс, но кога полагав кај Аце од се по нешто ме праша, никогаш не се задржува само на едно нешто. @Dream-Girl полагаше кај неа мислам.
Да, да јас полагав кај неа анатомија 2. Предобра, смирена атмосфера, дава време да размислиш, јас анатомија досега од година ипол студирање најубаво си поминав на полагање кај нејзе од цела катедра. Ќе те прошета низ цел материјал, те остава да раскажуваш, не те прекинува, ако нешто смета дека фали она ќе те допраша конкретно. Редоследно ме прашуваше по материјалот, но речиси за се ме праша, така со потпрашања, ако види дека си разбрала тоа што го учиш, супер ќе пројдеш, сака најдоброто од тебе да го извади. И високи поени сака да дава плус, стварно се најдобро би ти кажала за професоркава. Обавезно ќе те праша за соодноси на органи, васкуларизација, инервација, крвни садови, но не навлегува во детали сепак. Со среќа, сигурно ќе си положиш, скоро сите шо ги знам сме со супер искуство од полагање кај неа.
Ова повеќе информативно ама ако има некои колеги што имале плус година во студирање и се постари, може би знаеле. Или ако знаете некој ваков колега што вака направил. Дали предмети како клиничка биохемија и социјална медицина на пример може да се слушаат со предмети од 3та година? Видов дека за клиничка биохемија стои како предуслов положени биохемија 1 и 2, а за социјална положени вовед и промоција. Дали би можело да си ги запишам и нив иако нема да сум 4та 5та во рок, да си олеснам бар со некое предметче што би си положила плус? Пример следна година 8ми семестар ќе ми е како студирам ама ќе слушам предмети од 6ти семестар и да го запишам и клиничка биохемија со тие. Ме сфативте се надевам. Секако ако знае некој дали можело вака.
Не сум слушнала некој вака да направил не ми сѐ верува да може вака зошто клиничка биохемија ти е предвидена прв пат да ја слушаш во 8ми семестар, а социјална медицина прв пат е предвидена за 10ти семестар. Искрено прв пат слушам и не верувам да е возможно, но нека пише некој ако знае
Па и мене не ми се верува ама колеги збореа дека и ваква опција имало ама и тие не се сигурни, па затоа само си прашувам. Ќе прашам во деканат за најсигурно. Фала ти
Кога ќе добиеш одговор те молам сподели ако нема да ти е проблем, ме заинтересира онака бидејќи некако не ми е премногу верно, но може да постои кој знае.
@Moon.Girl Ако во iknow ти дава да запишеш предмет значи можеш да го слушаш. Си пробував јас така шо можам да запишам шо не, стварно работи. Ако нешто не можеш, ти вика немате услов за овој предмет. Мислам дека погоре не се сфативте со @Lavender4, поправете ме ако грешам. Мислам дека ја сфати како следна година да е 3та, но сака плус нешто да си запише зошто мисли дека може. Или јас грешно ве разбрав? Колешката 4та година како студира ќе и биде следната година, но нема фатено услов некој и затоа ќе слуша од трета предмети, па фактички ако е како за епидемиологија што следна година може да слушам еве јас, а нема да слушам ниеден друг предмет од 6ти семестар, по таа логика и овие двата предмети можеби може да се слушаат. Навистина проверив во тие курикулимите и за сите тие како хирургија, педијатрија итн стои исполнет услов за упис на 7ми семестар, а за овие клиничка биохемија и социјална медицина стои нешто друго. Можеби се стварно да може да се слушаат како радиологија, нуклеарна медицина и епидемиологија од претклиничките предмети. Добра поента има прашањево, ме замисли и мене. Еве како стои. Ако ти дава во iknow да го запишеш следна година клиничка биохемија значи може да се слуша.
Искрено и мене ептен ме замисли немам размислувано во таа насока никад А и немам слушнато од др колеги нешто слично ама кујзнае можно е и да може таква работа
Длабоки медицински мисли хаха фала женски ве измалтретирав и вас со прашањава. И мене не ми имаше текнато, но колега вчера спомна, па си викам ако има опција зошто да не ја искористам да ги запишам и тие. Секако се полесни и не толку обемни како останатите клинички предмети, па малку би се растеретила за кога ќе ги слушам нив.
Смееш само за сигурно прашај си на студентски да не смениле нешто. Конкретно за твојов пример немам сигурно инфо, но колеги што беа една или две години постари од мене, а фатија услов за 4та со мене знам дека во 7ми семестар ги имаа запишано Физикална медицина и Ургентна ако не се лажам зошто за сите тие предуслов беше само исполнет услов за упис на 7ми семестар, а по закон е дозволено упис на 35 кредити регуларно, така да покрај редовните четири предмети за 7ми ги имаа и овие два запишано и си ги слушаа со нивната редовна генерација.
Физ1 ги има ли некој предавањата со вежби? Линкот го избришаа по тој предмет за џабе, и сега ги зезна оние што не ги спуштија
Decki zdravo, sakam da se zapisam na medicina vo Skopje, ama strav mi e deka nema da me primat. Pa zatoa se mislam za Stip sega slusnav deka vo vtor semestar okolu 10tina lugje od Stip se prefrlile vo Skopje, dali e toa vistina i kakva e proceduarata za prefrlanje? Isto taka me interesira dali ste zadovolni od odnosot na profesorite i kako odat predavanjata sega koga se onaljn? Fala odnapred