Здраво феминки, сакав да прашам како е за уписиве на Медицински во Скопје - тригодишниве смерови шо се, колку минимално поени треба да се има? Фала однапред.
Зависи , примаат секакви но во државна квота се обично со 80+ бодови зависно од смерот пример на новиот смер што беше отворен оваа година за инженери по медицинско лабораториска дијагностика немаше многу запишани студенти и имаше и во државна квота со 55-60 поени. Медицински сестри е така поактуелен смер нормално другите примаат со секакви поени.
Здраво, дали има некој информација во врска со специјализацијата по мед.психологија бидејќи не можам да најдам ништо поконкретно на страните од мед.факултети?
Зошто страв, размислувај на матурата добро да пројдеш за да извадиш добри перцентили, ако си одлична со сите 5ки, нема од што да се плашиш. За втор семестар не знам, ама во втора година се префрлија, процедурата ќе ти ја кажат од деканат, бидејќи не се дозволуваше префрлување, дали е сега нешто променето не знам. Професори ко професори, секој со различен начин на пристап, предавање, карактер.
Дали имаат кажано микро како ќе се одвиваат полагањата? И какви се професорите од катедрава од досегашно искуство, за полагања, оценки и тој дел?
Здраво. Дали некој ја има скриптата имунологија со скратен материјал во пдф да ми ја прати во порака?
Јас можам само да ти кажам за делот со оцени и начинот на испрашување. Проф. Пановски, Проф Татјана и Проф. Докиќ се премија. Најфер испит и ставаат доста високи бодови. Во принцип нема масовно паѓање микро. Другите професори исто пуштаат, ама ако не се лажам поскржави се за бодување.
Немаат ништо кажано, на предметната програма има што материјал е за колоквиум, но сепак добро е да се знае и од катедрата да кажат официјално, во случај да има промени.
Дали може некој од постарите колеги/колешки да ми предложи некоја книга во која се добро објаснети нормално екг, пореметувања како аритмии, блокови и сл. Фала однапред
За патофиза прашуваш или интерна(кардиологија)? Јас лани учев од една хрватска книга по интерна медицина од Михич но, има и на македонски од Серафимовски и соработници. Ако не се лажам, можеби е веќе издадена и долгоочекуваната книга по интерна медицина од катедрата. Погоре колешка прашуваше за книгата од проф. Исмаил електрокардиографија но, се сомневам дека се уште книгата е во продажба.
Да ја надополнам колешката, и проф. Јанкоска(доколку не е замината во пензија) е супер опција но, не би се сложил за проф. Доќиќ бидејќи на неколку наврати прашуваше работи шо ги немаше во книгата. Пред се, како најпроблематична опција испаѓа проф. Каќа.
Бидејќи во распоред стои сигурно ден за втор колоквиум биохемија 2, а мал број слушаат предавања и не се информирани дека нема да има втор веројатно...
Некој ако може да ми каже претходнава година или таа пред неа отприлика со колку бодови биле примени последните кандидати со кофинансирање во насоката медицински сестри и дали на оваа насока има клиничка пракса налик на онаа од 6 година општа медицина? Фала однапред
Последните беа со околу 60-70 бода со кофинансирање а во државна со 85+. Клиничка пракса има по предметите и се вика стручна пракса , зависно. По завршување на студиите имаш стаж а праксата се одвива регуларно во тек на студирањето.
Се работи за патофизиологија, делот за квс. Не знам колку добро се опфатени во практикумот, плус не им беше нешто посебно внимание обрнато (колешка што студира на штипскиот ми кажа дека кај нив професорката мноогу внимание им обрнувала на екг промени, зошто се случува секоја промена и сл). Дали сметаш дека треба да се оди во повеќе детали сега во трета година за време на патофиза, или да оставам работите да ги научам во тек на курикулумот по интерна (кардиологија)? Фала ти за одговорот❤