Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Машки
    Сметам дека е доволно. Во практикумот има повеќе примери и ако добро се сеќавам подетално е објаснато. Ако сакаш повеќе да ти се разјасни околу патофизиолошките механизми гледај видеа на youtube или читни нешто на нет, бидејќи во книгите од интерна иако има објаснување за патофизиологијата, доминантно се разгледуваат аритмиите од клинички аспект.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Здраво на сите, сакам да прашам во врска со предавањата и семинарите што ги одржува ММСА, каков сертификат се добива и како се добива зашто видов дека се online сега :):):)
     
  3. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    7.581
    Пол:
    Женски
    Јас присуствував на онлине семинарот за ретки болести и сертификатот ми го пратија на меил. Мислам дека со тоа што се пријавуваме преку Google docs неколку дена пред настанот така добиваат увид на кого треба да пратат сертификат. А колку од корист се овие сертификати не знам да ти кажам.
     
  4. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Ти благодарам многу:inlove::inlove:
     
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.039
    Допаѓања:
    14.539
    Пол:
    Женски
    Да не провери или дозна каде ја има? Баш ја мислев пред некое време книгава:D
     
  6. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Јас денес бев во книжара Култура што е на плоштад, книгата можеш да ја најдеш таму чини околу 1500 денари, баш прашав за цена.
     
    На IRBBB, Moon2255, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Искуства за патофиза 1 колоквиуми? На што да обрнеме повеќе внимание?
     
  8. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    Сега за првиот колоквиум шок, хипоксија, хипо/хипертермија, имун систем, треска, воспаление тие им се најважни теми. Знаете на кој начин ќе се одвива? За онлајн ако е не знам какви се тестовите, ако е со физичко кога полагавме од овие теми имаше највеќе прашања
     
    На Waverly Raven, Lollipop_123, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Не уште. Ама веројатно физичко, така им беа досегашните. Не очекувам онлајн, освен ако забранат од деканат со физичко.
     
  10. Alexx_

    Alexx_ Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Online ќе се полага патофиза сигурна информација. Координаторите кријат again. Слободно нападнете ме како и претходниот пат, кога ќе искочи официјалното известување дека ќе се полага онлајн чекам извинување. 40 минути ќе имаме, други информации не знам. Барем координаторот пуштил неофоцијален муабет дека ќе е онлајн.. фала му барем за тоа (y)
     
    На Lollipop_123 и Geek^^ им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Патофиза за прв колоквиум ни е сѐ до 132 стр. од книга, така?
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    А зарем е фер само другарчињата на координатори да знаат информации вака тајно? Групата на фб има скоро 1000 членови, треба секој член да го знае ова.
    Жив срам ни е факултетов, јас тоа само ќе кажам.

    А, за овие mmsa emsa шо толку сите стануваат членови, некоја предност има во животот или губење време е? Добро освен запознавање на колеги меѓу себе, тоа веројатно е позитивна работа. Но, штом толку се пријавуваат сигурно има нешто?
     
    На Lollipop_123 и Alexx_ им се допаѓа ова.
  13. Alexx_

    Alexx_ Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Да
    Тоа го кажав и јас претходниот пат ама ме нападнаа сите, изгледа само ти го делиш истото мислење со мене.. инаку да имаат корист ама ако почнам да објаснувам ќе ми требаат 2 дена :rofl: ако сакаш пиши ми лп
     
    На Angie1432, petrova89 и Geek^^ им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Да, и за болка од практикум требало.
     
    На Lollipop_123, Glowy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    Ви објавија во групата за КОЛЕГИЗАМ значи сите нѐ читаат тука:D
     
    На Yellow456, Waverly Raven, Lollipop_123 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Па, вистината ја кажа колешката погоре значи. Да не напишеше тука, другите колеги што не слушнале муабет како расипан телефон еден преку друг уште немаше да знаат како ќе се полага.
    Не е плукање, треба сите информации да се споделуваат. И онака за брзо доаѓа колоквиумската недела, на сите ги интересира истото.
     
    На Lollipop_123, Alexx_ и Geek^^ им се допаѓа ова.
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Криење е да не кажат до почеток на колоквиумска буквално на никој, а не е криење да кажат неколку часа откако ќе ја добијат информацијата, притоа ако рашириле муабет низ колегите.
     
    На Angie1432 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. Alexx_

    Alexx_ Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Last time I checked се викаше колегијалност или грешка сум? :rofl: Инаку u all r welcome, инаку кој знае до кога немаше да кажат..
     
    На Waverly Raven, Lollipop_123, Geek^^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Alexx_

    Alexx_ Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Не е денес добиена информацијата :rofl: и уште не ми е јасно зашто упорно ги браните..
     
  20. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Вака сега, за координаторите...
    Лично се дружам со дел од нив, можам да кажам дека сум и блиска другарка, a информации за колоквиуми и такви работи добивам кога ќе се објават на групата на фб, добро да не лажам... неколку минути пред да објават, а не вака како во овој случај. Не е фер да се генерализира за сите координатори, кога само дотичниот е таков. Ви гарантирам дека се трудат максимално да си ги исполнат задачите и обврските како координатори и верувајте не им е воопшто лесно. Е сега, вакви случаи имало порано и ќе има, ама затоа до година нема да добијат мандат. Воопшто не го правдам колегата за ова со патофиза, не е проблемот само тоа што не кажал, поголем проблем е дали имаме воопшто доверба во него и за други работи кога ова вака испадна. Ама сепак, не праќајте општи критики кон сите затоа што има дел од нив што навистина се трудат работите да се во наша корист. Како и да е, никому не му е забрането да се кандидира за координатор, еве до година вие пробајте се во нивна кожа и кажете искуства.
     
    На Glossy-girl, Glowy, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.