Кога е добиена? Вчера? Пред недела дена? Пак ќе речам, ако сакаат да скријат воопшто муабет немаше да се пушти, немаше да се пише во група на повеќе од две недели до колоквиумска. Од збор до збор се согласувам со @motojlo треба да се ставиме и во нивна кожа, најлесно е да се плука само.
мислам дека се пријавуваат во емса ммса за да се здобијат со сертификат затоа што после за студентска размена мора да се приложи членство во некаква организација а и да сакаш на некоја програма да аплицираш може да го приложиш во CV то дека си учествувал и во други активности.
Се согласувам, имаат доста работа, обврски и слични замарања, АМА да бидиме реални имаат и доста придобивки. Еве да не генерализирам, ќе посочам неколку примери од мојата генерација(петта година): речиси секогаш наместени на списоци кај професор шо им одговара, секогаш сите поени од вежби/предавања иако не секогаш присутни, додавање поени на увид многу повеќе од дозволеното(по 5-6 поени) и мн други. За криењето информации, еве во нашата генерација ако некој не праша во групата, никој не кажува шо ќе биде опфатено со првиот колоквиум(да потенцирам, често се случува професорите да не нѐ известат на предавања околу тоа), а координаторите знаат и вака индиректно се дознава преку муабети.
Колешке, што ќе има на колоквиум е најмалото за кое треба да се обвинат координаторите. Прво, на страната на медицинскиот факултет за секој предмет ви пише што ќе има на колоквиум, а што на испит. И друго, зашто не се вклучите на предавањето па лично да ги прашате професорите што или од каде да учите? Цело време чекате некој друг да се вклучи? Зашто цело време да завистите од координаторите за се? Не ни кажале како ќе се полага. Па што? Ви мени нешто дали ќе се полага таму или онлајн? Еве јас сум од друг град, до Скопје патувам 4 саати, па ништо не ми менува дали ќе е дома или со физичко. Ако кажат таму, ќе се снајдам да отидам, ако е дома ќе полагам од дома. Не сте ми јасни!
Не знам дали добро го прочита мојот пост но, повторно ќе потенцирам дека не секогаш професорите нѐ известуваат на предавања шо ќе биде за прв колоквиум. Секој ден сум вклучен на предавања но, поради ситуацијава со пандемијата има еден куп прераспределби околу колоквиумите(барем во петта година) некои не се одржуваат, се одложуваат, се менува/крати материјалот, еден распоред објавен на почеток од семестар, друг и трет подоцна и сл. Ни самите професори не се up to date со случувањата, туку вообичаено шефовите на катедра ги известуваат координаторите за најновите промени и тие би требало навремено и нас да нѐ известат. Та да беше се кажано на предавања, немаше ниту да се нервирам, ниту да се замрам кој координатор, шо објавил и кога објавил.
Некој од постарите колеги да каже зошто клиничка биохемија викаат оти катастрофа било полагањето онлајн?
Па затоа има координатори, за да биде олеснето известувањето и меѓусебната комуникација со професорите.Не сме 10 луѓе како на филолошки, многу сме, затоа е корисно да се сумираат известувањата од професорите во генерациска група за сите да прочитаат, не може да се очекува сите постојано да бидат уклучени на предавања. Еве конкретно за последнава случка, мислам дека не е толку страшно што не кажале, сепак има уште 2 и кусур недели, ама ако се случи да кажат баш непосредно пред колоквиум не е фер воопшто.
Нашата генерација беше прва шо полагаше кл. биохемија онлајн. На почетокот имаше отпор од катедрата, не сакаа да биде онлајн, со тоа што проф. Богданска се изјасни дека ниту една од нејзините колешки нема да се нафати да ги проверува онлајн тестовите. Генерацијата преку анкета беше децидна дека сака да биде онлајн, па професорката некако се убеди да организира онлајн испит. Испитот траеше 40мин, имаше 40 прашања, и тоа со: заокружување, дополнување и целосни одговори(есејски, клинички случаи). Немаше време, имаше доста за размислување и околу 30 колеги не успеаа да го пратат тестот. После полагањето настана хаос, но професорката им дозволи на тие шо не успеале да го пратат тестот да полагаат во август. Оценките можам да кажам дека беа пишани од ракав, среќен сум шо имам 9, бидејќи тоа шо следуваше наредните сесии(во август и јануари) е неспоредливо со јуни. Оценките на сите им беа ужас(6,7)рандом ставени на непрегледани тестови, увид нема, проф. Богданска не одговараше на повици и мејлови од координаторите и веднаш ги внесе оценките во iknow, а притоа им порача на колегиве да си ги поништиваат оценките преку деканат.
Не знам за клиничка, но ние со биохемија имаме искуство, не е лесно, не даваат многу време, а има доста прашања, особено завршниот биохемија 1 до последна минута го решавав. Има и со пишување и долги за читање, со повеќе точни. Треба добро да е спремен материјалот за положување.
Мислење од постарите колеги за микро практикумите? Дали да се купуваат оригинал? Ваше искуство? Никој ништо не спомна веќе, ако сакаме да купиме оригинал, како треба да се организираме, кај да носиме уплатници? Има некој инфо, купи ли некој досега оригинал практикум? Исто и за вежбите, наредна недела ќе се почне, но ништо не известија конкретно, ни кое време ќе се одржат, ни која вежба да се спрема, а и практикуми доста студенти немаме плус...
Nie pred dve godini kupuvavme originali od covekot so sedeshe pred vezbalnite za mikro. E sega bidejki nazalost covekot e pocinat ne znam od kade kje zemate vie. Nooo, nas obavezno ni baraa original, duri prof cekovska dojde na srede vezbi so spisok so ime i prezime na site so nemaat kupeno i do posledno barashe site da kupat original, ne popushtija za toa... no niso posebno ne e praktikumot
Не знам дали ќе ги бараат на проверка како биохемија, дали на некој за микро 2 ви бараја? Во коментари на објавата беа споделени слики од уплатници, ама немаше инфо за на кој да ги предаваме и од каде да земеме практикум. А за вежбите како што разбрав нема да се оди по распоредот од деканат, туку сите во еден термин ќе имаме, само таа за 8ми април е закажана, за оваа недела уште нема ништо.
Епа да, дури и да уплатам за практикум, не знам таа уплатница кај да ја однесам после... И јас за вежбите така знам, дека нели секој понеделник и четврток пишаа ќе се држат, но нема ништо, а еве кај е понеделник. Ај може викендот ќе закажат нешто... Но, часовите некако 5 до 12 ги закажуваат надвор од термин, па не би се зачудила и понеделник да кажат вежба дека ќе имаме за некој саат.
Ептен се неорганизирани со часовите, буквално 5 до 12, ајде сега имаме час, кога треба да имаме ги нема. Ама ако планираат на овој начин вежби со еден термин, мора порано, бидејќи поклопувања ќе има сигурно, тие сами со себе се поклопија за 8ми, не со друг предмет.
А како ќе имаме сите наеднаш?Нели на тимс не можеше повеќе од 300 луѓе да се уклучат на митинг или јас нешто грешно имам разбрано?
Има скрипта, речиси се е веќе учено, предметов е прилично лесен, само не знам шо се случува со професорката. Jас ја копирав/печатев скриптата. Еве ја и во пдф форма.
Мислам дека може и повеќе, ама сигурно нема сите да се уклучуваат, како што не се уклучуваа на биохемија кога бевме пола генерација на вежби.