Пишале преку квизовите ќе имало евиденција. @Dream-Girl на муабетот ете ги микро да си знаеме за понатака овде да пишеме за да добиеме инфо.
Ништо нема конкретно уште за матерјалите, а за две недели полагаме. И јас се мислам веќе дали да го чекам учебников оригинал или да ја купам скриптата, зашо нема смисла веќе колоквиумска иде а ние матерјали немаме. Па, најверојатно и абер немаат ни да не известат барем овие со сакаме да купиме оригинал кај да остајме уплатници
За тоа има ставено координатори, за да се пренесуваат информациите од професорите, катедрите до студентите и обратно, ако сите студенти земат да прашуваат што ќе стане, хаос, од прва до шеста година се функционира преку координаторите, нема што да измислуваме ние сега нови правила. Да
Микробиологија 1 какви прашања даваат на полагањата, особено вака онлајн сега? Од скриптата е се? На што да обрнеме повеќе внимание за првиот колоквиум? @MeckaCia можеби ти имаш искуство со микро 2 како ви беше сега? Вака интересен предмет навистина делува и скриптата е доста лесна и сфатливо напишана на академско ниво, но дека читав тука на усно прашувале и работи што ги нема во книгата, не знам што да очекувам за колоквиумот.
Прашањата микро2 горе долу беа океј мислам немаше нешто надвор од книгата или така двосмислени само што имаше многу малку време за решавање а оние прашања на поврзување беа малку по комплицирани т.е требаше повеќе време пр секоја бактерија да се поврзе со антибиотик или слично, инаку на усно да конкретно мене микро1 ме прашуваше работи од микро2 и тоа видов дури после коа почнав микро2 да учам мислам дека и самите се бунат што е за микро1 а што за микро2, од тестовите мислам практичните им се малку покомпплицирани за разлика од теоријата
Некој погоре прашал за mmsa и emsa. Тоа се здруженија на студенти по медицина на УКИМ, со различни одбори (за наука, едукација..) кои горе долу се исти и во едното и во другото, само во mmsa има плус размени. Сум била дел и од двете, имам запознаено доста колеги преку нив и сум научила нешто плус од проектите, интересно искуство е, само што си бара време и енергија. За присуство на настаните не треба да сте член, ама при подготовка на проектите членовите се вклучени (пр: се организира предавање - членовите одлучуваат теми, се договараат со професори и тн.). Конкретно за mmsa : сертификатите кои се добиваат и членството во организацијата носат плус поени кои се бодуваат кога аплицирате за размена преку нив. Други организации се: Здружение на студенти по медицина - ЗСМ (УКИМ) и СОМА (Гоце Делчев). Слободно можете да пишете на некој што членува во нив, ќе ви објасни подетално. Доколку знаете уште некоја, пишете ја
Дали некој има искуство од учење странство ( a year abroad ) учејќи во средно медицинско ? Имам прашања се надевам некој ќе испружи рака
Штом зборите за специјализации пред некое време гледав некои листи од специјализации, што значи тоа пондер, ако е запознаен некој
Биохемија да, како и досега, патофиза мислам само еднаш неделно, а микро исто двапати неделно според распоредот ас. Марко што го прати, ама абер немаат од закажување.
Само на микро е сега. Мене баш ми е океј шо пак ни е он, има знаење и убаво објаснуваше хисто на вежби.
Се зезам и јас кога слушав хисто, супер вежби одржуваше, се сеќавам дека пред некое време почна специјализација микро, само не држеше тогаш вежби.
Од летото мислам се префрлил на микро, тука прочитав и јас за тоа баш, пошо 2 семестар уште на хисто ни беше асистент.