Искрено не верувам бидејќи при крај сме со практикумот, ако имаме двапати неделно што ќе работиме на вежби. Не знам тие дали пратија некој список на вежби како микро. Да се едитирам, имале и тие список видов дека само од сабајле има во нивниот список, така што веројатно е грешка во распоредот од деканат.
А, хигиена закажано ви е во некои групи 2 пати за неделава? Во мои групи само една вежба закажано за неделава има, а треба и една во понеделник да имаме според распоред ама ништо немаат закажано за тој ден
Предолгии иначе како сте задоволни со резултатите физио? Видов многу души се пишале за увид.. изгледа многу имаат кратено на есејските
Патофиза добро би било вториот дел од вежбата да е во друг ден, тој од 10 или 10 и 30 што почнува. Задоволна сум, тоа што ми е скратено е на место.
И јас сум задоволна, иако на едно есејско само некако не знам зашто ми скратиле толку поени, ама воглавно во ред е. Мислам дека општо колоквиумов не беше тежок, така да горе-доле задоволна сум.
Исто и јас за едно есејско буквално се имам напишано и споредив со колешка што има 2 поени скоро исто ни е.. ама нема врска битно положено е
Најважно да е положено. Гледајќи колку колеги и сега и на физио 1 паѓаа без веза на колоквиуми, се радувам на секое положување колоквиум, без разлика колку ми скратиле.
И јас сум задоволна, дури најмногу до сега од ситe 5-6 полагања на нивната катедра. На есејски ми скратиле по 0.5 поени и по 1 за тоа што стварно не сум го напишала... дај боже и наредниве колоквиуми да се вакви
Поради пандемијата, ние лани немавме колоквиуми по тие предмети, ги полагавме целосно на испит. Хемија беа океј прашањата, сигурно вака на колоквиуми, уште полесно ќе ви биде. Од почеток се учи сѐ. Генетика имавме на заокружување и есејски. Тие на заокружување исто беа океј, имаше некои збунувачки ама воглавно беа во ред. Учи плус и од презентации, и воведот од книгата. Есејските, кога полагав јас, во Септември, беа доста зезнати, не само моите, туку и од другите колеги. Во Јуни, колку што видов, беа понормални и полесни. Не е тешко генетика, но си бара учење со разбирање.
Хемија беше лесно, општи и главни работи бараат на полагањата. Генетика искрено личи лесно, но зезнати тестови прават. И ја со вас ќе полагам сега, ќе видиме што тестови баш ќе ни дадат. Претходните сесии не ми се свиѓаа многу нивните тестови, но и немав време баш да се посветам на генетика покрај другиве услови, па и ради тоа ваљда ми се виде потешко...
Хемија беше доста лесно, брзо се решаваа, претежно главни работи даваа. Генетика се малку позезнати, има и лесни, но и двосмислени, ама во главно ништо претешко.
Како што кажаа колешките погоре, хемија навистина не беше тешко, буквално општи работи од средно шо сме учеле беа прашањата. Генетика исто не е тешко воопшто, треба само убаво да се помине учебникот и убаво да се разбере. Прашањата на заокружување не се тешки, јас во септемрви полагав имаше некои 6-7 онака зезнати, ама се решаваат по логика. Воглавно не беше тешко.
Овој колоквиум највеќе поени имам освоено за разлика од физиологија 1 полагањата и баш сум задоволна. Биохемија 2 како сте задоволни од резултатите? Положена сум ама ептен со 12 бода и некако не знам зошто цело време минимум вадам. Презапишан ми е така што секако среќна сум што положив ама ме интересира вие другите што сте полагале што мислите за резултатите?