Биохемија очекував повеќе поени искрено, но не барав увид, бидејќи положена, пак се океј и тие што ги имам. Само чудно ми беше, инаку најбитно е што е положено.
Decki, moze li nekoj da mi kaze kako odi praksata, bidejki mi imaat kazano deka prakticnata nastava voopsto ne e kvalitetna i deka studentite po zavrsuvanjeto bile polni so teoretsko, no ne i prakticno znaenje.
Дечки,ќе може ли да ми кажете повеќе информации за смерот дипломиран инженер по медицинска лабораториска дијагностика,што можам точно да работам со овој смер,кои се предностите а кои маните за овој смер,дали може лесно да се најде работата,каква е праксата..
Искрено праксата не е најсјајна, има доста недостатоци. Во претклиничките години(1-3/4г.) вежбите се во институтските вежбални и за жал се доста исполнети со теорија, се случува да има практични експерименти или вештини(микроскопирање препарати од ткива, земање крв, мерење крвен притисок, преглед на очно дно итн.) но сепак, сметам дека на претклиничкиот дел му фали доста пракса. Во клиничките години(4-6) има многу повеќе пракса, вежбите во главно се изведуваат во универзитетските клники, постојано си во контакт со пациенти, водиш разговор, анамнеза, статус(преглед), толкување на: лабораториски наоди, медицинска историја и сл. Клучно за време на клиничките вежби е да си заинтересиран и спремен да научиш повеќе, да бараш од асистентите да ти покажат повеќе, да те викнат на дежурство.... бидејќи ретко кој се замара многу со студенти. Сумирано, има многу теорија, точно НО, може да се стекнеш со солидно практично знаење ако се залагаш и сакаш да научиш. @Larson е на овој смер, тој може да ти помогне.
Здраво јас сум на овој смер прва генерација оваа година што се запиша , можам да ти кажам дека е еден од најдобрите избори ако сакаш да студираш на тригодишните стручни студии. За сега е океј , лошото е што наставните програми не се уште скроз направени па се учи од книги од општа медицина но критериумот не е ист нормално. Првиот семестар пројдов лесно со високи оценки , едино Имунологија што е малку позафркнато и имав 8ца другото е лесно и се учи. За пракса уште не знам бидејќи за прв пат е отворен лани и јас сум прва генерација. Праксата тек почнува од втора година така да ќе видиме но бидејќи ја имам истата струка од средно праксата се одвива во различни лаборатории биохемиски , хематолошки , микробиолошки итн... Предности е тоа што овој смер за разлика од другите е поактуелен и има повеќе просперитет , можеш да се надоградуваш на академско ниво да учествуваш во научно истражувачка работа , лабораторијата е најперспективна гранка од медицината барем за мене (не дека другите струки како медицински сестри , физиотерапевти не се но работата им е повеќе статична што не е случај со оваа струка). Морам да ти кажам дека доколку немаш некакви предзнаења ќе ти биде тешко , за оваа струка мора да ја познаваш темелно Биохемијата , Клиничката биохемија , Хематологијата , Патологијата , Хистологијата како најбитни струки... Работата е различна во зависност од тоа каде ќе се вработиш имаш микробиолошки лаборатории каде што се занимаваш со изготвување на микробиолошки тестови за различни бактериолошки / вирусолошки болести , после имаш класична биохемиска лабораторија каде што испитуваш крв и урина и секакви параметри па имаш генетски лаборатории со различни генетски тестови итн... има мнооогу типови на лаборатории и работата е секаде различна но ! -Доколку не поднесуваш крв не се запишувај - една од главните техники на работа што треба да ја научиш на пракса е земање на венска и капиларна крв -Работата е одговорна и треба да знаеш како се зема крв , како се земаат брисеви (примерно со КОВИДОТ сега) , како се земаат други телесни течности. Низ праксата треба да научиш се за крвта и другите телесни течности , за кои болести кои работи се испитуваат. -Доколку имаш претерана гад од органи/ткива и др работи исто така не би ти препорачал да се запишеш. Предметот патологија на другите смерови е вреден со 3-4 кредити додека на овој смер носи цели 10,5 кредити што значи има пракса во обдукциони сали и работа со извадени органи и ткива кои инженерот треба да ги припреми за патологот да може да даде дијагноза.. Ова е воглавно целата работа , доколку те интересира уште нешто слободно прашај.
Здраво. Дали има некој што студира или завршил смер радиолошки технолог? Дали е изводливо и дали се наоѓа работа,дали се бара таков кадар?
Собирале бодови од квизовите изгледа, но знам за микро 2 некои што немаа доволно поени сепак им дадоа потпис, ваљда дека е вака ситуацијата...
Дечки што се случува со микро??? Прво ни бараат оргинал практикум па сега не ни дозволуваат пак да го решиме тестот.... Многу ме изненади асистент Марко навистина непрофесионално од негова страна
Од вчера се воздржувам да не напишам нешто што не треба, како што си кажаа џабе пишувате ништо нема да смените, затоа. Секој семестар се повеќе дното го допираме. Не мислев дека ќе е ваков ужас од факултет кога се запишав тука. Да немаме право ни мислење да искажеме. Тоа ти е.
Колеги, која професорка по хемија е најзезната на усен испит, мислам од која најмногу се жалат?..секако тоа зависи од индивидуалното искуство ама на секоја катедра има некој што бара детално
Кај Тошеска најмногу паднати има мислам. Сите бараат знаење, но за неа така сум слушнала, сакала ептен добро да имаш научено, добра основа да имаш од хемија.
За хемија мислам дека е ептен индивидуално, но можам да кажам дека сите се океј горе долу, ако имаш научено ќе положиш. Сите прашуваат од целиот материјал, од скоро секоја тема по нешто, може не ептен директно, ама со поврзување сигурно.
Јас полагав кај нејзе, воопшто не бара нешто посебно. Мене ми постави од органска за хетероциклични некое прашање од тоа во книга што го пишуваше, неколку формули да напишам ама ништо страшно и после од биохемија делот за јаглехидрати нешто, од поосновните работи, баш убаво поминав, а и други кај неа што полагале кажаа дека океј била. Мислам дека построги беа Богданска и Лабудовиќ.
И Богданска ич не е строга. Доста положивме кај неа и тоа високи оцени баш доста даваше. Можеби во јунската сесија малку построга била ко шо слушнав, но во август беше многу океј, ја бев ептен изненадена позитивно.
Од кај Лабудовиќ беа задоволни, пријатна атмосфера на полагање имало и доста ги потсетувала, а Богданска како што кажа Дрим во јуни беше строга, затоа реков и индивидуално искуство најмногу за хемија.
Јас полагав кај Лабудовиќ во јуни, одлично поминав. Пред полагањето ме исплашија колеги кои паднале претходно кај неа демек многу строга била, ама нема врска, проф е многу многу фина, си сака да си имаш научено ама ептен опуштена е атмосферата, си испрашува лагано, не си под стрес додека одговараш. Топ е!