Немам коментар за микро. А ако остане вака, пола генерација нема да може да полага и што правиме? Ќе кажат не ни е гајле профилите не ви се "уредни". Катастрофа. Крајно непрофесионално.
Сите се океј, мислам проф. Цековска најлесно прашува ама сепак зависи, и до денот и до моментот. Али ако имаш научено убаво нема да имаш никаков проблем.
Добро овие микробиологија стално ќе се вака неорганизирани и ќе одложуваат вежби постојано? Дали е можно навистина сабота да држиме вежби ? Си имав испланирано одење на едно место, не знам дали да одложувам сега, не е океј ова вака како ќе им текне нив, да менуваат распореди, си имаме и живот надвор од нивните вежби и предавања.
Од едно плаво книгиче напишано од проф. Сунчица и Папазова колку шо се сеќавам шо го продаваше истиот шо ги продаваше микро практикумите, нешто беше од скриптата и поголем дел од проф. Малеска материјал шо ни го испрати за сетила
Припои на радикс мезентерии обавезно, таа поделбата на абдомен на катови што беше (инфра/супрамезоколичен), васкуларизација на гастер, синтопски соодноси на гастер, хепар, тоа ми текнува. Кај проф. Живадиновиќ полагав.
Покрај тоа што пиша колешката над мене. Абдоминална аорта, систем на портална вена и портокавални шантови, bursa omentalis, foramen epiploicum, дуоденум, изглед на колон, сегменти, лигаменит на хепар, слезина, васкуларизација на бубрези, површинска анатомија, а проф Чадиковска прашуваше и за слаби точки на преден абдоминален. Едит: микроструктура знаат да прашаат.
@Alexx_ Appreciation post за тебе колешке, да не беше ти дотичниот немаше за ништо да не известува на време. Очигледно не читаат, те цитираат цело време
Ее ја кога зборев кај бевте? Ме нападнавте сите тука Ајде нема врска, простено ви е Иначе да.. ќе го доведеме у ред и него и другите ако треба
Аххахахаха кога те заебаваат најблиските соработници што останува за другите.. искрено се изненадив мислев дека се држат заедно сите координатори ама изгледа не
Јасно ни е дека има ужас луѓе и себични колеги и дека секој си гледа за своја корист ама сепак во темава мислам дека не треба ваков муабет да има кој каков бил, нели темава беше да разменуваме искуства само од предмети, материјали за учење и слично. Сепак, ставете се на местото на другиот дали ќе ви е пријатно вака да читате... Не сме деца во градинка и со ваков муабет изгледа подетски и од постапките на криење информации од нас колегите. Јас пријавив на модераторот и се надевам ќе биде избришана дискусијава. Навистина не ми е јасно зошто ич не сме колегијални и толку хејтање има во нашава генерација.