Aj help,како се одвива практичниот и усниот дел патофиза,мислам на кои теми се опфатени и што прашуваат
Учиш цел ден без престан, седиш вечер до покасно, минимум 2-3 кафиња на ден за да си будна и обавезно на еден час учење напрај си паузичка 10-15мин, па после уше еден час, па пак пауза и немаш гајле. Вака можеш и 4 колоквиума да спремаш наеднаш (ова е само ситуација доколку ги слушаш сите предавања и сите вежби). Ако не ги слушаш, ќе имаш уште повеќе време за да не седиш до касно вечер).
И мене ми беше мачно ова, као да се форсираш со се да стигнеш. Не знам, гледав кој е поприоритетен предмет, кој не толку, па 2 учев турбо, 1 повеќе на игнор ми беше ко на пример вовед/промоција. Откако имам по 1-2 колоквиуми у колоквиумска преубаво ми е и пререлаксирано, време имам за се да стигнам... Не се секирај, не е до тебе, пренатрупана е програмата, а роботи не сме, а и си имаме и живот надвор од факсот фала богу . Пробај со поприоритетни предмети или секој ден по 10стр на ден од секој предмет (значи просек 30тина страни на ден) така 3-4 недели одма после викендот од завршената колоквиумска недела се до наредната и ќе стигнеш до полагање ваљда. Се одвикнав и ја од ова турбо темпо, но вака правев.
За да слушаш нови предмети да, но за да полагаш завршни полагања сепак мора и микро 1 за микро 2 да е положен и патофиза 1 за патофиза 2 и патологија 1 мислам... Сепак скоро сите се важни, но овие што ги наброја се најприоритетни
Се успева, доколку се почне да се учи навремено, aka веднаш по викендот после колоквиумската недела, како што кажа колешката пред мене. Јас лично никогаш не се форсирам да учам по цели денови, ама гледам добро да се организирам. Секој ден станувам од 7 часот, и до накај 9 часот, го учам тој предмет, кој сметам дека ми е потежок, но и поприоритетен во дадениот момент. Потоа едно 2-3 саати, па и повеќе не учам, обично имаме вежби тој период, но и да немаме, сепак паузирам тогаш. Потоа, во текот на денот, првин учам пак за истиот предмет од сабајлето, па откако ќе завршам со него, паузирам, па учам и од другите предмети, ако можам 2, ако не 1. И тие предмети, кои ги оставам за последни, гледам да се полесни, бидејќи веќе ми опаѓа концентрацијата. Не учам навечер, навикната сум наутро, и полесно ми е да се сконцентрирам така.
Кога дишеш? Јас учам кога ќе ми дојде јајцето на гзот што би рекле . Немам друга работа 24/7 ќе учам.
Па, со 7 предмети во семестар од кои 6 условни ,имаме ли време да дишеме? Сепак, наоѓа време. Човек ако е организиран, се постигнува. Плус, сметам дека со самото запишување на медицина првична работа на сите ни е да учиме, па после другото. А и сакам да си ги фатам сите услови навреме и барем до сега успеав. Секој си има свој начин на учење
Само оснир, хигиена и микро1, добро и анатомија 2 имам јас и си се зафркавам, остај ме, знам дека многу ви е со 6 предмети. Мислев ме научивте дека само се шалам, не се лути. Си најдов работа дури, вака и слободен човек толку не бивало да е.
Уживај, какво лутење хаха. Па, да ти кажам, не ги обвинувам колегите кои не фатиле услов по некој предмет и мислам дека подобро им е. Може ќе стдуирате една година плус, ама барем имаш време се да спремиш. Вака се е на трчаница, матерјалот е обемен, а јас пример сакам убаво да си научам за да си знам и не знаеш главата кај ти е. Нити знаеш шо учиш, нити за кога учиш
@petrova89 се излежавам и за тебе, мене никогаш не ми е малку слободата. Кажи ми генетика како положи, жива се јадам што ми остана предметов, навидум простичок ама... Се спаси ти дур беше писмено се, сеа ние и усно ќе си имаме, така викаат бар. Е, така, кој не си положил на време, ќе си се нервира сега.
И анатомија 2 сега ни е доста полесно вака онлајн, но добро ти во еден ден си ја заврши, ние си се влечеме. Читав баш во генерациската за генетика измените и си реков среќа еднаш и мене ме послужила. Учи од презентациите, мене за 6ка ми се виде доволно. И тие од педијатрија делот што имаат потенцирано по презентациите, на тоа внимание обрнуваат повеќе. Есејските не им беа нешто сјајни, може подобро ќе си поминете на усно завршен па.
Еден ,,appreciation post" за асистентот Марко Костовски од катедра по микробиологија и паразитологија. Алал да му е, јака му душа. Човекот е надприродно интелигентен и се гледа дека навистина вложува и се труди околу се. Да почнам од каналот на тимс, колку што пратам тој го одржува цело време, ги организира тестовите, секогаш е вклучен и на вежби и достапен за било што. И лани кога уште беше на катедра по хисто, кога прекинавме да одиме на факултет, тој уште на почетокот редовно ни праќаше материјали за учење и слични онакви тестови. Мене лично многу ми помогнаа неговите материјали. Ова го пишувам овде, бидејќи колку толку анонимно е, ако го речам негде во живо или го напишам на фејсбук ќе испадне многу лигавење, ама сакав некаде да спомнам.
Потполно се согласувам, еден е од ретките кој толку се ангажира, особено во овие специфични услови. Навистина се труди колку што е можно, да ни ги “надополни” работите, кои ги губиме поради неможноста за физички вежби.
Лани имаше една анкета од fakulteti.mk за најдобрите професори и асистенти на онлајн-настава од цела Македонија. Јас баш го пишав како пример за тоа каков треба да биде еден асистент и за тоа колку добри му беа видеата лани за хистологија и баш сакав да биде спомнат некаде како добар асистент, пошо заслужува.Ама најверојатно немаше други кои го спомнале во анкетата, па не беше ставен во листата подоцна. Алал да му е стварно !!
Ако има таква некоја анкета, ако видите споделете ја тука. Мислам дека добри асистенти и професори заслужуваат да се спомнат некаде.
Јас резултатите ги гледав и ако добро се сеќавам немаше никој од медицински факултет, веројатно многу малку пополниле за некој да е спомнат.