Ова треба да им биди пример на другите асистенти, особено оние од клиниките! Тек на клиники ќе видите колку само асистентите не се "замараат" со студенти, не ни знаат дека треба вежби да држат
Да додадам и на патофиза сите асистенти се врв, барем додека бевме со физичко присуство, преубави беа вежбите сѐ објаснуваа предобро, на вежби се ми се разјаснуваше и дома само ја читав лекцијата и се потсетував. За патофиза 1 посебно. За патофиза 2 има премалку вежби. Инаку @Waverly Raven потполно се согласувам, повеќето се такви и најјако е што викаат дојдете тогаш и тогаш и ние кога идеме они не се таму
И сега онлајн ми се убави нивните вежби.Мислам до сега онака баш океј се имаат покажано. За испити ќе видиме.
Ќутии, од збор до збор исто, сме чекале по ходници со саати, за на крај да не се појави асистентот и тоа на договорен термин! Еднаш, додека така дремевме по ходници не' пресретна еден професор и не' праша: Шо правите вие? На шо одговоривме: еве чекаме да дојди асистентот(долго време).. по шо, тој ни одговори: А не, вие "студирате" Вежбите се со еден збор - ЛОТАРИЈА, ако ви се посреќи ќе ги одржите. Патофиза додека се полагаше физички, усните испити беа супер! Ептен добра атмосфера, добри прашања, разбирање од професорите и се во еден ден завршено. Се надевам и за вашата генерација дека ќе биде исто.
За хемија е дискутирано во темава сега брзо, врати се неколку страници назад. Ние лани полагавме онлајн, воопшто не им беа тешки двата колоквиуми, ниту практичното. Баш општи прашања имаше. Генетика полагавме комплетен тест од 60 прашања на заокружување плус две есејски. Во глобала прашањата на заокружување не беа многу комплицирани (зависно која комбинација ќе ти се падне). Делот од проф.Петличковски од презентации му беа прашањата.
Дечки не поставувајте прашања од типот како да се спремат 4 колоквиуми оддеднаш. Некој може, некој едноставно не може да има таков турбо план и тоа е во ред, секој со своето темпо. Секогаш гледам да завршам приоритети и ако кажам тоа и тоа ќе го полагам, сакам тоа и тоа да го полагам. Не се форсирам сѐ оддеднаш ниту пак имам енергија бидејќи на секој предмет му се посветувам максимално. Дефинитивно план и стратегија треба, толку.
Колеги, како поминавте лани микро1 на колоквиуми? Каков тип на прашања даваат (во однос на тежина, дали се логички и сл.) ?
Јас не сум од лани но не верувам нешто многу да е променето. Имаше три типа прашања најмногу заокружување, дополнување и поврзување. Ептен беа едноставни буквално цитирани работи но она најосновното не нешто ептен детално. Друга работа многу често се паѓаа претходни праисториски комбинации што ги имаше во копирници а имаше дури и цели фајлови со сликани тестови и се паѓаа нон стоп. За колоквиум ќе ве извадат секако и со малку учење може да се положи а за сметка на тоа да се посвети време на некој пообемен предмет во таа колоквиумска пример, но за усно треба убаво да го знаете материјалот, плус и од голема полза ќе ви биде за Инфектологија кога ќе слушате така да пак конкретно да се навратам на твоето прашање не се воопшто тешки ниту двосмислени, особено тие со поврзување доволно е 1-2 да знаеш другите две по автоматизам ќе ги погодиш. Е сега дали зборувате за online или класично полагање не знам, но ако Докиќ е шефица уште не се сменило ништо секако вака со години беа прашањата и имаше голем ранг на положеност, ама на писмено не и на усно
Затоа и прашав, во студентскиот информатор што ни го даваа стои дека е 6 кредити. Нема логика да е 4, збирно 30 кредити од тој семестар со сите предмети во 5ти семестар, ако е 4 тогаш би фалеле 2.
доколку на пример сега положиме практичен дел микро, а теоретски не, дали ќе ни се важи практичниот за положен?