Дали може да ми посочите некои материјали или слично за хумана антропологија на Australopitecus, како фосилни остатоци и слично. Ми треба за истражување.
Како смо се надали добро смо се удали. Бев под стрес цел ден дали ќе положам, немав време за детално да мислам убаво, набрзина по логика штракав на прво читање ама камен од срце ми падна кога видов двете дека сум ги положила. Да имаше повеќе време само можеби повеќе поени ќе извадев, но дај шта даш, не се пребира за поени, сега тоа е, битно да е положено. Се надевам следно полагање ќе ни дадат повеќе време, барем за секое прашање да имаме по 1 минута, на тие на поврзување особено не се постигнуваше да се помисли убаво кое е решението... Ти што направи?
Браво, баш ми е драго за тебе. Јас практичното само го положив, спремам анатомија 2 за утре колоквиум, немав ни многу повторено вчера затоа и очекував теоретскиот дел дека ќе си го паднам. Повеќе среќа во јуни, што да кажам.
Ќе средиш во јунска микро, супер си чим сега анатомија 2 редовно си чистиш колоквиуми, немаш гајле, фати си ти условот за октомври, тоа ти е пред се, не се демотивирај. Со среќа утре.
Преостанатите вежби микро ќе ги полагаме на усниот завршен испит, вежбите од 5та натака, така? А, ме интересира и за генетика на завршниот испит во испитна само практикумите треба да ги спремам? А, на колоквиумите сега ја полагаме книгата т.е теоријата и таа не треба да се одговара на завршен пак или грешка сум?
Км медикал мислам да побараш, имаат за вежби од 1000, а и поскапи ама мислам не ти треба поскап. Јас барав таму за другарка.
Здраво, дали има шанси во јуни да ги положам 2та колоквиуми и испитот анатомија2, со надеж дека ќе го положаж третиот колоквиум
Секако дека да, доколку се спремиш на време, нормално. Лани немавме колоквиуми, целосно ја полагавме на испит во Јуни, така да, од прва рака ти кажувам дека се положува, секако, ако добро, и навремено имаш учено.
Постари колеги викаат само практикумите биле, ретко нешто од книгата да потпрашаат. Ајде ќе не известат ваљда за сигурно.
Што кажа проф. за предметот ОСНИР првите 5 минути, за полагањето нешто збореше знам, на крај веќе беше тоа кога се пуштив? Дека во друг митинг се пушти проф. и дур се префрлам на правиот, баш тоа не слушнав.
Ќе се полага писмено со физичко присуство. Немаме право на отсуство од вежби, немало да добиеме потпис. Присуство на предавања е обавезно, ќе се бележело на крај.
Практикумите се, ама може да прашуваат и теорија лани проф. Петличковски на првото предавање знам спомна дека и некое прашање од теорија може да добиеме. Е сега првиот колоквиум беше онлајн, ако и вториот е онлајн поголема е веројатноста теорија да побараат. А и лани во есејските имаше прашања од теорија кај некои колеги.
Втор колоквиум е остатокот до општа хемија и првото поглавје од органска мислам. А за усно органска цела и делот од биохемија за аминокиселини и пептиди, моносахариди и липиди.