Во групата на ФСС на фејсбук, имаа напишано дека се разговарало со министерот во врска со вакцинацијата, и дека истата би требало да почне по 15ти мај.
Луѓе , ајде некој од претходните години споделете , колку бодови била границата за да те примат? Со колку најмалку бодови примале итн. знам дека секоја година е различно и зависи од конкуренцијата ама општо дали се простуваат неколку четворки во изминатите год.
Зависи колку 4ки имаш, ама уште повеќе зависи што ќе направиш на матура. Школски другар, кој беше 5.00 сите четири години, матурите ги извади 4ки (не знам дали сите,ама барем 2 имаше сигурно) и имаше околу 93 поени. Јас имав само една 4ка од успех (плус 4ка една од екстерно, која исто така ми скрати нешто поени) друго 5 ми беа, и имав добри оценки на матура, и извадив околу 99.3 поени. Поентата ми е да ти кажам дека мнооогу значи како ќе поминеш на матура, дури и поважно е тоа. Ако не грешам, последниот примен (во приватна квота), имаше 90-91 поени, ама ова пред две години, сега е намалена квотата, а со тоа би имало и повеќе конкуренција.
Се што е предавано досега, цела екологија. Само што немаме презентации и не може да се каже точно кои.
Дали микро темата за интрахоспитални инфекции и болничка хигиена, 218-225страна ни е за овој колоквиум предвидена или останува и таа за завршен?
Хигиена никој не ги чува презентациите од поранешните години од професорот Ѓорѓев? И што е со презентациите од вежби? За колоквиум и тие ли ни се или?
Колеги, дан имате некоја информација во врска со распоредов за испитна? Ништо не можам да испланирам за учење...
Здраво колеги, сакам да се зачленам во некое од здруженијата на факултетов за студенти шо се, ама не знам во кое. Дали би можел некој да ми објасни која е разликата меѓу ЗСМ, ЕМСА и ММСА? И какви се придобивките од зачленување во некоја од организациите?
И тие од вежби се за колоквиум, екологија вежбите ни се за овој колоквиум. Да одиш деканат или пробај преку мејл да решиш со нив.