Дечки, има ли некој инфо во однос на распоредот за испитна? Ја претераа! Помалку од месец дена има до испитната, а нема ни трага ни глас за распоредот!
Кај нас во групата пишаа дека фсс реагирало и дека не е до координаторите, што е јасно. Од деканат се чекаат и нема смисла пак да имаме распоред две недели пред сесија.
Какви тестови т.е прашања хигиена давале обично? На заокружување, есејски, дополнување? Некако не се знае ништо за оваа колоквиумска, а оваа катедра и ни е нова, па колку некоја претстава да имам какви им се полагањата.
Даваат и на заокружување и на дополнување и прашање да одговориш, а тие на заокружување имаат повеќе точни одговори 3-4 може, а има 6 или така нешо понудени
Јас кога полагав имаше за набројвање пр 2 ти се напишани другите треба ти да ги допишиш. Исто има и со заокружвање и со надополнување и да одговориш. Секаков вид на прашања даваат само нема на поврзување
Ако некој полагал онлајн лани па да кажи како се одвиваше сето тоа, затоа што тие спомнаа онлајн полагање.
Прашања на заокружување и на дополнување,со пуштена камера а искочен микрофон,зборувам за кај проф.Кочубовски,јас полагав во септември на овој начин
Некој што е трета година, дали лани во јунска седија имавте 2 рока за анатонија 3 или само еден рок имаше? И дали е можна опција да нема за нас два рока со оглед на тоа што има предсесија?