Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Па, не би рекла, да беше толку лесно сите со 10ки ќе положувавме.
     
    На Lavender4, anxxxxiety и Belllaa1 им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    16.560
    Пол:
    Женски
    Ни проближно на тоа што треба да биде.
     
  3. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Да додадам уште и дека квалитетот на предавањата и вежбите е 0, а професориве се понашаат како да ни предавале којзнае колку добро, па вадат астрономски прашања на колоквиумите. Е затоа не е лесно и дај боже да тргнеме веќе со физичко присуство, па барем овој проблем да се реши.
     
    На Lavender4, Lollipop_123, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    16.560
    Пол:
    Женски
    Вадат астрономски прашања затоа што се свесни дека се препишува. Какво е тоа полагање без никаков надзор. Ништо не им е организирано како што треба, а моментално студирањето на медицински не личи на ништо, буквално.
     
    На ElenaOfRivendell, Lollipop_123 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  5. Belllaa1

    Belllaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    Biohemija 1 sega ke e 40 minuti ?
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.783
    Пол:
    Женски
    Е сега не е баш дека предавањата и вежбите се за нула.Јас лично од предавањата сум задоволна, вака ми е многу полесно кога сакам да уклучам предавање да го преслушам, вежбите горе доле не се до толку лоши, мислам има простор за подобрување ама некои асистенти и професори вложуваат колку толку подобро да го пренесат тоа што треба да се објасни и покрај ограниченоста за изведување на вежбите и затоа не мора сите да се ставаат во ист ќош.
     
    На ElenaOfRivendell, Glossy-girl и Glowy им се допаѓа ова.
  7. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Епа ајде да полагаме со физичко присуство, може? Колегите од генерацијата ургираа да се полагаат колоквиумите со физичко присуство и да се држат вежби исто со физичко, минатиот семестар анатомија 3 вежбите супер беа на факултет, ама професориве сега не сакаа полагања со фиизчко присуство. И шо да праиме? А, и да има камери на сите полагања, и да има секакви мерки, има колеги кои секогаш ќе се снајдат да препишаат, тоа е факт.
    Јас генерално не сум задоволна од вежбите. Биохемија можам да кажам дека е супер што ни пуштаа видеа снимени во лабораторија, физиологија делумно беа океј, ама овие другите можеа да се потрудат за да ги направат поинтересни, а не да биде како обично предавање понабрзина, колку да се заврши вежбата. Што и да се каже, како и да се каже, ништо не може да ја замени наставата на факултет со online.
     
    На Lollipop_123, babybells, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    За тригодишни е ова.
     
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    16.560
    Пол:
    Женски
    Ама што и да кажеш не го менува фактот дека студирањето моментално на медицински е нула. Си има деканат за тоа зимаат плата за да организираат како што треба, а тоа што ги мрзи еден распоред да направат а не па нешто друго е сосема друга работа.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Во моментов е лошо.

    Предавањата се добри и тоа ми е убаво што можам и да преслушам нешто и дури може нема да е лошо ако останат онлајн. Вежбите кој како се потрудил, не може нив никој да ги замени, физичко присуство си е физичко присуство.

    Никој нема да се буни за полагање со физичко присуство, се досега што полагавме со физичко присутво без проблем помина. Онлајн полагањето е катастрофа за да се „спречи препишување“ прашањата се хаос, времето за решавање да не го коментирам, критериумот за оценување строг.
     
    На Lavender4, Waverly Raven, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Мора да се вакцинираме до септември, до каде се со иницијативата навистина?
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    12.938
    Пол:
    Машки
    Очигледно до никаде. Искрено не знам шо прават овие од студентско собрание, се однесуваат како никој да не го засега ситуацијава. (facepalm)

    Па и за тие шо волонтираат/волонтирале во КОВИД центрите, СРАМОТА е. Невакциниран студент да оди да волонтира во "дувло" да не речам АМА, прво да почни, па после вакцина, логика 0.

    Устата пена ми фати од зборување за тоа дека требаше да се вакцинираме уште на самиот почеток со сите лекари. Ко синкир ние на крај нема лекари да бидиме, туку ѓубреџии. :| Можеби ќе се "спасеше" семестарот, а вака трет семестар си дремиме дома. Ако, да дај сите да ја киднат во странство, па државна администрација и приватни фирми нека лекуваат население.
     
    На Lavender4, Belllaa1, Lollipop_123 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
    Дали хигиена брзо објавуваат резултати или подолго се чека? :)
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.783
    Пол:
    Женски
    Искрено во последно време од нив ништо не сум видела, еве сега за почетокот на испитнава можеа да реагираат бидејќи имаше незадоволство, не знам дали е само мој лош впечаток ама некако ептен се пасивни иако имаат таква задача да ги застапуваат студентите, а штом за вакви поситни работи ги нема никаде, за вакцини сигурно нема да бараат...
     
    На Lavender4, Lollipop_123, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Безгласна буква се, кратко кажано. А, и самиов факултет на чело со деканката требаше да покрене иницијатива да се вакцинираат студентите, особено колегите од погорните години со вежби на клиника. Ама, како што гледам, баш им е гајле. Битно професорите се извакцинираа, нас кој не врти.
     
    На Lavender4, babybells, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  16. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Ако има некој кој полагал кај проф. Ѓорѓев колоквиуми Хигиена онлајн дали може да ми каже на која платформа се полагаше? Не знам зошто не држи во неизвесност вака до последно...
     
  17. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    испит полагав кај него прво беше на exam.net но потоа мислам дека медф дали потпиша некој договор или не знам ни рекоа дека само на теамс ке ги прават тестовите така да последниот пат полагав на теамс кај него на формс исто беше тестот како и сите други
     
    На motojlo и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Тогаш што им беше проблемот денес, сите на формс си поминавме тие во 10 имаа проблем, а никој немаше проблем кај Гордана и Михаил.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Дечки, ве читам погоре за вакцинацијата зборувавте. Јас се вакцинирав пред 3 дена, бев пријавена на vakcinacija.mk уште на 29ти април, живеам во помал град каде што нема многу заинтересираност за вакцинација, многу млади на наша возраст не имаат вакциниранo. А некаде прочитав дека сите што се пријавени до 30ти април треба да добијат термин до крајов на мај.
     
    На ElenaOfRivendell, floppy77 и Glowy им се допаѓа ова.
  20. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    не знам, знам дека и катедрата анатомија го имаше истиот проблем не можеле да се вклучат сабајле