Имаше проблем и кај Игор што беше од 8:30 не можеа сите да се вклучат, па потоа и анатомија што беа кај 9 сатот мислам. Кај Ѓорѓев беа од 10, а од 10 имаше и кај Гордана, кај првиов немаше ни линк, кај вторава немаше проблеми, потоа беа тремините на Михаил и следните на Гордана, на кои немаше проблеми. Муабетот ми е ако е на формс, формс беше функционален во 10, 11 итн кога беа другите термини, значи се решил проблемот, па можеа во теков на денов да го спроведат полагањето, затоа што се им изреметија.
Дечки, онлајн полагањето на завршен испит по вовед во медицината/промоција на здравје ви беше по групи(според вежби) со вклучена камера/микрофон, односно ве чуваа асистенти?
Ние кога полагавме лани во јуни промоција на здравје, немавме камери, микрофони, туку така без нив полагавме. Инаку по групи беа, нели уште на почетокот не делат кои полагаат кај Моме, кои кај Фимка, така беа и списоците лани.
Да, да.. така поделени по групи според професорите, со есејски прашања. Јас ќе полагам социјална медицина, од истата катедра е предметов и многу малку информации имаме засега.
Бевме на митинг, ама немавме ни камера ни микрофон, слики пративме од индекс за идентификација. По групи стандард Моме, Фимка, Елена. Две есејски и уште две беа дадени пример ако не ти стигне место да имаш каде да допишеш.
Претпоставувам дека ќе биде и кај вас на истиов принцип, со оглед на она што го видов лани дека професориве не се баш многу замараат за испитите, не гледам зошто би смениле
Бевме во митинг постојано, со изгасени камери и микрофони. За вовед на камера покажувавме индекс, а за промоција сликавме.
Колеги, анатомија 3 на прелиминаторен како е? Каков тип на прашања има? Дали има прашања од делот за топографија?
Јас сум пријавена од кога го пуштија сајтот и уште чекам. Али најново е дека ние студентите ќе се вакцинираме крај на јуни. Секој има право да добие вакцина само кај нас ова се случва. А средношколци преку врска се вакцинираат и се сликаат
Ама јас реков дека ние последни ќе бидиме... и пак ќе повторам, оваа држава НЕ заслужува квалитетно здравство. Можеби звучам грубо, ама никој не инвестира во нас! Учи по цели денови и ноќи, 1000 полагања, перипетии, 6 г.+ , практична настава минимална и на крајот по една вакцина не успеаа да одвојат?!?!? Можеби млади сме, ама не сме малоумни.
Точно. Барем нека не дават лажни ветувања. Си се надеваш дека ќе имаш некаков имунитет до лето барем психички да се опуштиш.
Не ми е само за имунитетот, ТРИ СЕМЕСТРИ асална вежба на клиника немам видено. Значи надвор од паметот е тоа, за студент на медицина. Се прашувам КОЈ ќе ми го надомести тоа?!? Се надевам не пациентите.
. На испитот по Анатомија 2, додека полагаме ќе има и органи на кои ќе треба да покажуваме (одделно, како на вежби што ни ги покажуваа пример срце и бели дробови) или па само на кадавери? И општо испитот како се одвива, бдиејќи во испитни прашања нема за органи напишано, па дали детално се бара или?
Држава на која и се приоритет пензионерите кои се по цел ден дома и средношколците, а не лекарите и студентите на медицина не може да биде држава. И ова најинтересно ми е кога ќе речат млади сте, за вас не треба вакцина. Познавам помлади луѓе со многу различни хронични заболувања на кои им е потребна вакцина многу повеќе отколку на некој на 80 години, кој поминал цел живот веќе. И да, дај боже сите добри доктори да се иселат или да работат на приватно, зашо ваквата држава не заслужува да останеш овде на работа после толку вложен труд во мизерниов факултет.
Ние лани немавме органи само на кадавери испрашуваа. Ние полагавем се одеднаш така што се ни бараа, немаше некога граница испит/колоквиум. Вас веројатно само испитните прашања ќе ве прашуваат.