Од Гајтон Колеги, дали од лани имавте некој фајл за кои се испитни вежби патофиза? Ако може да ми ги пратите во лп.
A дали смеам да го полагам третиот колоквиум физио2, со оглед на тоа што немам положено физио1, или и тој (трет колоквиум) се рачуна како завршен испит?
Не смееш, фактички за август ќе ти остане зашо и тоа се смета за писмен завршен испит. Барем јас така знам.
Колку што разбрав не можеш за жал. Додека не земеш оценка физио 1, ниту паднати колоквиуми ниту ендокрин од физио 2 смееш да полагаш. Буквално физио 2 не постои како предмет во јунска сесија ако немаш положено физио 1.
анатомија елиминаторниот како ќе се одвива, дали во ист ден ќе се полага и колоквиумот и тој делот за испит или како? не полагам сега ама ме интересира принципот не го сфатив баш.
Деновиве мислам се полага колоквиум, без тест, па ако се положи, тестот е на 31ви за испитот. По положен тест следните денови е уснот. Ако прашуваш за тројка.
Дали ако по некој предмет сакам да полагам само паднати колоквиуми без испит, треба да го пријавам во iknow?
На хирургија од главен влез кога ќе влезеш вo големиот хол, каде што се скалите за нагоре од десна страна (спроти лифтовите), покрај скалите има ходник за десно. По него до крај, пак кога ќе свртиш десно првата врата, има и огласна табла и пишува, нема да промашиш, тропни тука влези, голема просторија е со фантоми, дефибрилатори и др., секретарката тука седи постојано.
Колешки, како оди полагање испит Анатомија 2, дали да ги повторуваме и органите или само нивни проекции и површинска анатомија, некој од трета година да одговории
Повтори ги и органите за секој случај, знаат и тоа да прашаат. Ние лани цела ја полагавме и бевме детално прашувани за органитe.