Дипломи не се признаваат, искучок беше лани кога не можеа да ги рангираат зашто немаше матура. Кога се полага матура дипломите не се во функција. И како што пишаа погоре матурата ти е пресудна, гледај таа да ти е солидна. Имаше многу деца со 5.00 ама лоша матура и не се запишаа.
Колеги, на завршен микро 1 дали детално прашуваат и од колоквиумите од матерјалот или само онака поповршни работи и само од имун систем?
Devojki brzo pishete iskustvo anatomija 2 zavrsen ispit dali baraat da pokazuvash organi da gi opishuvash bidejki gi nema na stranicata na anatomija.mk
Па нормално дека треба да покажеш, органиве апла се гледаат, е сега дека сте имале колоквиуми можно е да не ве прашуваат да ги опишувате, ама повтори си за секој случај, ние лани полагавме комплет цела двојката и бевме прашани да ги опишувамe.
И пред некоја страна ти одговорив. Не можеме точно да ти кажеме затоа што ние ја полагавме цела анатомија одеднаш, немаше граница колоквиум-испит. Ние кога полагавме на леш некои прашуваа од тие што се прашањата испитни на страницата, некои бараа проекции, трети бараа органи, немаше граница бидејќи таква беше ситуацијата. На лешовите ги има органите ако не се лажам скоро сите, дополнително ги имаат и посебно само органи кои се појасни. Вие тековно си ги полагавте колоквиумите, така што би требало според испитните прашања да се водат. Исто така може слободно да ја прашате катедрата што е за испит и дали ќе ви бараат органи, барем за тоа се премногу коректни и секогаш даваат одговори на прашањата на студентите. Едит: кај нас некои и воопшто не носеа на леш, како солидарност дека немавме вежби затоа што не затекна короната.
Колешке, без разлика што е завршен практичен испит, професорите можат да те прашаат од било кој дел од матерјалот од колоквиумите. И да го има и да го нема органот на лешот, професорот може да ти постави прашање од било кој орган, па ако треба и ќе си го замислиш од прилика каде е. Не прашуваат само до тоа шо го има на лешот, туку од било што може да ти падне прашање.
Anatomija 3 iskustvo za tie Denes test shto pravevte ili ako nekoj vi kazam pls hellpppp Kakvi prashanja imashe na testo anatomija3 I Dali beshe tezok
Дали знае некој да ми објасни за генетика колоквиумиве, имам 26 поени на првиот и 16 на вториот и пишува дека положени се ако имаме 60% од двата. Дали тоа значи дека вториот ми е паднат и немам право на испит или пак и двата ми се положени бидејќи ако ги соберам поените од двата тогаш имам 60%.
Колеги некој да сподели искуства од минатите години со практичниот дел и испитот од хемија, на што да се посвети повеќе внимание?
И мене ова ме интересира пошо уште завршниот само ми е останат, па не знам дали да учам само тие теми шо се за усно или да се навраќам детално скроз на цела книга... Никој нема што полагал скоро микро 1 усно завршен да сподели искуство?