Имам одбрано биологија и хемија за интерни на матура. Мене ми кажаа дека бидејќи местата биле државни дека нешто се бодувале ама не бев сигурна па затоа пишав тука
Јас не полагав скоро, ни во принцип професорите исто си испрашуваат секоја година. Гледам наназад имаше исто прашања за микро1. Мој совет обавезно учете цел практикум. Ретко ретко кој не прашува од првите пет вежби. Најмн обрнете внимание на тестовите (аглутинација, молекуларни тестови). Од книгата јас колку што знам испрашуваат од делот за испит. Но, ако сте со време бегло поминете го материјалот кој беше за прв колоквиум (боења, некои базични работи) just in case. И мн зависи кај кого ќе се паднете!
Дали може некој да ми одговори на едно прашање ве молам. Какви треба да ми се оценките на матурава, и екстерните и интерните, за да ме примат на факултет, небитно дали е приватна или джавна квота?(биологија и хемија ми се интерни и проектната ми е хемија) повеќе ми е страв за за мајчин јазик бидејќи знам дека интерните ќе ми поминат добро. Ви благодарам многу дали е многу битно како ќе поминеш на мајчин јазик или побитно им е за интерните предмети? (мене ми се биологија и хемија)
Сите предмети ти се битни да имаш супер оцени, не само интерните. Ако имаш слаба оценка на мајчин јазик, без разлика дали ти се 5ки интерните, може да се случи да не влезеш во државна квота, а ако е голема конкуренцијата може и да не те примат. Гледај сите оцени од матурата да ти се многу добри.
Лани се бодуваа бидејќи немаше матура, кога има матура немаат значење. Екстерните 5ки или 4ки со перцентилен ранг над 60-65 минимум, во случај кога си со просек 5.00 од средно, ако ти е понизок просекот, појаки треба да се перцентилите. Интерните ретко се пониски од 5. Побитни ти се ектерните, интерните како што кажав ретко се подолу од 5. Интерните ги спремаат професорите од твоето училиште, тие ги прегледуваат, ќе ви дадат и прашања, комбинации и насоки што да учите.
за пријавување на испити на i know сите треба ѓи пријавиме што ни се слушани и полагани без разлика дали нс колоквиум или испит?
Есента имаше известување од ФСС на МЕДФ дека е пратен список до фондот за здравствено осигурување. На мајка ми колешка и кажала дека ќерка и која е на ОМ не е веќе осигурана , дали тоа важи за цела година или за семестар бидејќи никој ништо не известил... да знам дали да земам и носам потврди.
Навистина ли почнаа да ја плаќаат 6 месечната пракса? Ако може повеќе инфо околу ова и мене ме интересира.
Пријавуваш тоа што ќе го полагаш во сесијата али скоро секогаш се се пријавува бидејќи нема некое значење пријавувањето во iknow. Првоери тука до кога ти важи https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/
Преееемногу зависи од матурата. Од себе ќе тргнам, јас три години бев 5.00, освен во прва година, кога имав една 4ка од успех, и една од екстерно, ама извадив мн. јака матура, и бев 15та во државна квота. Од друга страна, познавам колеги кои беа без ниту една 4, а со послаба матура, и влегоа во приватна квота, а некои и воопшто не беа примени.
Дали микробиологија прашуваат од колоквиуми детално или само испитот, а нешто ситно од колоквиуми? Прашувам бидејќи времето е кнап...
Јас бев четири годни 5.00, на матура имав 3 петки и 1 тројка извадив и во приватна квота сум...Се зависи од матурата и од конкуренцијата во генерацијата.
фала ви многу на одговорите. не ми е битно дали сум во приватна или джавна квота, ама на пример што ако го зезнам мајчин јазик и добијам 3ка а другите ми се 5, ќе ме примат ли со приватна квота? годинава мислам дека имаат малку поголемо значење интерните предмети од минатите години ама не знам. многу се осеќам несигурно и мислам дека многу лошо ќе го прифатам тоа ако не ме примат ниту во приватна квота... на жалост, изгледа и мајчин јазик е многу битен..
Патофиза за усно, дали прашуваат и од приказ на случај да раскажуваш, или само вежбите со толкувањата?