Јас вчера отворив можеше да се пријавува ги давше предметите се, но денес тоа веќе не е можно, ги дава предметите како кога пријавувањето е завршено. Изгледа до 5ти, значи без 5ти.
Не можи да се пријавува затворено е. И јас мислев дека ќе можи и денес. Никогаш не чекајте последен ден совреме пријавувајте
Тешка работа само од скрипта. Не сум полагал кај неа но, близок колега полагаше пред пандемијава. Прашува и од Робинс и од нејзините делови од скрипта ама до најмали детали, дури и информациите шо ги има под сликите ги бара, баш ги праша за т.н. Ann Arbor класификација на Hodgkin лимфоми. Значи професоркава е да речам коректна, ама МНОГУ БАРА, значи МНОГУ, едноставно неспоредливо е во однос на тоа колку бараат другите професори. Знам колегиве тогаш, полгаа 2 дена. Првиот ден беше теорија втор ден практично(хистопатологија/препарати). Првиот ден отидоа кон 11 завршија кон 4-5 часот, а полагаа 3-4 колеги со наизменично поставување на прашања. Прво проф. започнала со прашања од анатомија, па хистологија(им се запнала за Kohn-овите пори на алвеолите) и физиологија, па патофизиологија и на крај почнала со прашања од патологија. На практичниот испит давала препарати 3-4 и ливче каде треба да го запишиш името на препаратот/хистопатолошкиот наод. Знам, колегиве преку откако дознаа дека се кај неа, неколку дена со ред, па дури и во сабота одеа на институт да ги вежбаат препаратите на микроскоп, поради тоа шо хистолошките вежби и покрај тоа шо траеа по 3 часа искрено не беа доволни за солидно знаење на препаратите. Барајте колеги шо полагаа кај неа за насоки и пристап кон материјалот таа како шо бара.
Најверојатно нашиов факултет нема да штрајкува со оглед на тоа што деновиве има полагања предсесија, а си тече се во најдобар ред
Колеги, доколку некој се уште нема пријавено испити за оваа сесија, тоа може да го направи до крајот на овој ден, што е логично според објавата на Деканат за крајниот рок. Очигледно се работело за проблем со iKnow системот, но за среќа тоа е средено. Ова важи и за оние кои сакаат да направат измени. Со среќа на сите
Здраво луѓе! Денес полагавме матура, па сакам да прашам дали е можно да не ми се прифатат одговорите за точни доколку во листата што треба да се сенча точниот одговор прво забележував со молив, па потоа го избришав сенчаното со молив и со пенкало ги сенчав одговорите. Па некои ме исплашија ми рекоа дека можеби нема да бидат прегледувани прашањата бидејќи прво користев молив.. Се исплашив.знам дека овде сите имате полагано матура, па знаете подобро како се правилата
Јас колку што паметам и ние така правевме, дозволено е со молив битно е на крај ад ти е со пенкало за да ти ги признаат
Компјутерски се прегледуваат тие, не гледам причина зошто не би ти ги прегледале, јас кога полагав, многу правеа така.
Нас ни кажа типот дека е важно на крај да е со сино пенкало, а се’ со молив да е избришано. Најважно е на тој листот да не шкрташ и менуваш
Ако може некој што има полагано радиологија усно да сподели искуство од каде го спремал испитот дали само од презентации е доволно или и од книгата на српски?
Здраво, јас полагав радиологија во јануарска сесија кај проф. Елизабета Стојовска и поминав супер. Испитот го спремав само од презентациите и со преслушување на некои од вежбите што беа снимани. Професорката даваше две ртг слики и да се препознаат некои нормални структури, што е снимано и во која позиција па или ап, да се разликуваат дензитетите меки ткива, масно ткиво, коска и воздух, да направиш разлика меѓу сенка и радиотранспарентност, градба на ртг цевка, генерирање на ртг зраци... воглавно ова се бара. Со среќа