Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.327
    Пол:
    Женски
    Чим е кај асс. Рената веројатно е кај центарот за јавно здравје пошо на вежби она кога ни се претстави на прва вежба кажа дека работела таму, не била во близина на медф и сме можеле најбрзо преку порака да ја најдеме ако нешто ни треба да ја прашаме... :?:
    Најдобро да го препрашаме координаторот ако не за кај се мисли. :?:
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Не мешајте со тоа кај железничка што е или во Кисела вода не знам точно кај беше. Тоа си е сосем друго. Било кој од од таа катедра да ви треба во министерство на приземје ќе го барате по скалите. Таму има едно како пријавница/шалтер, таму се носат индекси, пријави и такви ствари. Прашајте штом влезете во министерство ќе ве упати некој точно на каде да одите.
     
    На Belllaa1, Glowy, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  3. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Чекај, има оддел за екологија и храна кај министерството? Дека координаторот баш така и ни напиша, на тој оддел да се носеле пријави, затоа и прашав прва јас. Леле како изгубени Германци сме сите (facepalm)(facepalm)(facepalm), дека онлајн ни беше се со катедрава цел семестар. Просветлете ме. :D
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.327
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам пишувано наназад, но ќе ти пишам пак. Супер е професорката, фер и коректна, за биохемија делот особено убаво да го знаеш, повеќе не прашуваше од него, но мора да се знае и делот од органска хемија за да положиш, без разлика што не го прашува толку како делот од биохемија. :) Имавме 3 прашања од биохемија и 1 од органска. Со среќа. :sun:
     
  5. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Genetika, sestri smer, iskustva za predmetov? Imam i kompleten i zavrshen del za polaganje.
     
  6. Monday

    Monday Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    Го има некој во електронска верзија анатомија 3 учебникот? :)
     
    На Belllaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Хахаха малце изгубени се од таа катедра. Инаку пред 2 години дипломирав, хигиена одамна полагав но знам дека со таа катедра на министерство се мавтавме еве и помали колешки баш прашав, така што ви кажав, бидејќи знам дека и меѓу мои колеги имаше недоумица за тоа каде е институтот. Тоа мислам кај железничка е центар за јавно здравје, а ние мислам немаме работа со тоа. Пријави и такви работи носевме на пријавница во министерство убаво памтам. Усни испити мислам во деканат беа со професорот кај кој полагаш ако сега не се сменило нешто. Ова само ви кажувам каде и што ние правевме, сепак препрашајте, ма да non sense ми е малце таму да одите и таму да треба пријави, индекси да носите...
     
    На ElenaOfRivendell, Lollipop_123, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    14.535
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае за вебинарите од лекарска комора да се положени колку %треба да имаш? (прв пат решавам) :D
     
  9. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Но, координаторот во групата имаше пишано дека пријавите треба да се однесат во ЈЗУ Центар за јавно здравје, Оддел за екологија и храна, па валја треба во центарот, не во министерството да се однесат.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. __Nina__

    __Nina__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Nekoj od prva godina, sto ima polagano Biohemija ispit online vo sesijava, dali e so kamera? I dali testot e tezok? :wasntme:
     
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Усно, писмено, кој смер?
     
  12. __Nina__

    __Nina__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Pismen ispit online
     
  13. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Јас вчера полагав завршен и практичен биохемија 1. Не беше тешко, ама кратко си беше времето, како и до сега што беше. Втора година сум инаку.
     
    На __Nina__ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Нема камера. Тестот е обемен и е кратко времето.
     
    На __Nina__ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Од постарите колеги што веќе слушале Биохемија 2 - за метаболизмот што поточно бараат , дали прашуваат детали. Иако не сум општа медицина , учиме по истата книга и материјал па завршниот испит во јунска испитна сесија ми го опфаќа цел метаболизам и некако многу ми се гледа а и колоквиумов не го положив со нешто нај нај бодови (13 од 20) , не знам од каде да почнам и што да читам , досега ова ми е некако најтежок испит за спремање.
     
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Немаме уште полагано ние од втора, постарите што полагале метаболизам можат да кажат.
     
    На Larson и floppy77 им се допаѓа ова.
  17. stingray

    stingray Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Нас доста опширно не прашуваа и реално си бараа професорите. Од протеини за валин, леуцин и изолеуцин требаше крајните продукти само, триптофан не го прашуваа. Ензими освен побитните не бараа. Треба да имаш претстава како се поврзани отприлика меѓу себе метаболизмите. На пример омилено прашање им беше од каде е рибоза 5 фосфатот во синтезата на пурини (од пентозофосфатен циклус е). Прочитај ги два-три пати така целосно метаболизмите, гледај видеа на yt (мене особено за метаболизам на масти ми помогнаа) и ќе можеш да ги поврзуваш потоа. Ако имаш некое поконкретно прашање, ќе ти одговорам колку што се сеќавам.
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.327
    Пол:
    Женски
    Дали може некој да сподели општо како се одвива испитот микро, прашуваат прво теорија или практично, или наизменично? Дали прашуваат како наслов/поднаслов па да раскажуваш што знаеш за тој дел или ептен детално конкретно нешто? Секако сигурно секој професор си има свој принцип ама отприлика што да се очекува на полагањето некој ако сака да каже. :D
     
    На Lollipop_123, ElenaOfRivendell и floppy77 им се допаѓа ова.
  19. stingray

    stingray Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Кај некои влечеш прашања, некои сами ти поставуваат. Ана и Каќа испрашуваат детално, другите се поокеј хахах. Ке почнеш ти да раскажуваш за некој дел и те потпрашуваат и ти поврзуваат со нешто друго. Практичното исто некои прашуваат наизменично, некои посебно.
     
    На Lollipop_123, Lavender4, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  20. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Дали прашуваат детално од колоквиумите?