Некој од ТСС дали може да ми каже каков е усниот дел по генетика во однос на тоа какви прашања даваат..
Некој може воопшто ништо да не те праша, ако прашаат воглавно се поопшти работи. Ако се паднеш кај тие 2 проф горе што ги спомнав, консултирај се со некој што полагал кај нив, да знаеш на што да обрнеш внимание.
Јас. На железничка е точната локација за носење ако прашуваш за тоа, директно кај асистентката у канцеларија ги носевме пријавите.
Ги собираш сите оценки и ги делиш со бројот на собрани оценки. Пример имаш оценки 8, 9, 10, 9, 7 Ги собираш 8, 9, 10, 9, 7, збирот е 43, тој го делиш со 5 (имаш 5 оценки) и добиваш просек 8,6
Имам споделено искуство еве пак. Микро1 кај Пановски ако си добиваш многу општи прашања и повеќе бара со свои зборови отколку цитирано како во книга. Од имунолошкиот дел хиперсензитивните ги бараше мислам, за микробиолошка и лабораториска дијагноза и испитување на инфекциите, таму со глувците таа сликата уште ја памтам и од тоа прашуваше. Исто повтори и вируси општо за градба и поделба, иако као што пишувате дека ви е посебен материјал за завршен сепак негов дел е тоа и е основно така да прашува и од таму. И антибиотици секако убаво научи ги. Практикум искрено не се сеќавам што како барал и дали барал, сепак секој професор од таа катедра е различен. Еве искуство плус за сите што ме читаат ако некој полага кај професоров. Има пријатна атмосфера, смирен е и коректен за оценки, што не е случај и со некои останати од таа катедра. Со минимално основно знаење се положува кај него, а гледа да го извади од секој студент-максимумот тоа го приметив кога полагавме. Со среќа!
Imam prasanje za biohemija 2.Prakticno se polaga na 25.06,a usnoto koga?Treba so proff da se dogg ili?
Искуство кај проф. Каќа Поповска за Микробиологија 1... знам дека бара детално ама дали бара и од колоквиуми и општо кои теми најповеќе ги испрашува?
на се да не те плашам не е лоша професорката фина е многу вака со тебе ама испрашува се, не знам дали намерно или ненамерно дека не знаат што се учи микро1 и микро2 мене кога полагав микро1 ме испрашуваше и микро2 јас секако тоа не го сфатив додека не почнав микро2 да учам, ние полагавме цел материјал значи цела книга така да немаше нешто што можевме да го избегнеме да не учиме, ама колку што памтам и после во јануари колегите кои полагаа само завршен микро1 ги испрашуваше и од колоквиум по нешто ама поврзано со вежбата што ке ти се падне, бара некои деталчиња да и ги кажеш како она сака
Да се надоврзам на колешката не полагав микро 1, ама полагав микро 2, проф е мн коректна ама и доста си бара, нас ни кажуваше броеви од 1-10 на пр и според тоа ти кажува прашање од ливчето. Испрашува детално ама ако нешто не знаеш продолжува да те прашува додека не го извлече максимумот од тебе
немам полагано кај неа но знам што ми зборуваа од колегите, мислам дека сите се молаат кај неа да се паднат, предобра е жената, опуштена, фина и колку што јас знам кај неа најубаво се поминува, прашува само тоа што ке ти се падне, тоа што ке извлечеш и кај неа бар до сеа прилично високи оценки си имаат
Сега прочитав дека генетика ќе почнеле да важат конечно по 3 сесии положени колоквиуми. Браво, по толку време воведување нивни правила што никаде ги немаше од ниедна катедра, конечно идните генерации ќе имаат важност на колоквиуми по 3 сесии. Се радувам кога гледам дека нешто се подобрува на факултетов. Дали можеби и имунологија ќе биде вака, сепак е речиси истата катедра, што мислите? Кога се бараше во јануари од нас студентите да се смени ова, се добиваше одговор нема што да се направи со катедрата, така кажуваа нели . Како успеаа од прва година да го сменат тоа конечно? Се надевам и од наша генерација би се бореле за ова да се смени и со предметот имунологија еднаш засекогаш?