Забораваш затоа што само читаш.Тоа не ти е баш ефективно, треба да се слушнеш себе си како си го објаснуваш материјалот и да видиш дали ќе ти текне на работите без книгата пред тебе.Зашто ако само читаш се залажуваш дека го знаеш совршено, ама не е така. Инаку елиминаторните бараат детали, еве ти напишале погоре, навистина треба детално да напишеш, и тоа што мислиш дека не е битно спремај го како да сигурно ќе го има.Имаш една недела, доволно ти е за се' убаво да повториш, не паничи.
Здраво на сите Каде се купуваат книги/материјали за медицински факултет? За роднина од друга држава прашувам. Ми нарача некои материјали, но јас не знам каде ги купувате. Дали во самиот факултет има книжара или? Благодарам однапред.
Има книжара внатре во зградата на деканат а купуваме и од околните копирници најмногу од онаа спроти пекарата мамас
Оригинали на книги не се задолжителни, затоа подобро купи ги од околните фотокопирници околу деканат за поефтино, освен некои практикуми што мора да се оригинал тие се зимаат директно од скриптарата во деканат.
Колеги, колку детално го прашуваат метаболизмот на аминокиселините на завршен биохемија 2? Пошо и колоквиум имавме за него, дали детално треба за на испит?
Pobitnite. A od enzimite osven ako ne e epten karakteristicen dovolno bese da kazes samo dehidrogenacija, acetilacija ili slicno
Пошо кај некои аминокиселини има навистина многу интермедиери и не бев сигурна дали све ќе бараат. Сепак нема да сме биохемичари па до толку ептен да знаеме хаха. Ти благодарам многу
Па јас сум кај Богданска за практично, најверојатно и усно после кај неа, ама се секира за аминокиселините највеќе зашо најкомплексен метаболизам имаат некако, па да не ме заглави тамо со некои ситници. Во секој случај ти благодарам ептен
Дали некој од постарите колеги памти како се одвиваа испитите по медицинска етика и прва помош, ако може некој да ми пише на chat
Ние лани етика полагавме онлајн тест, имаше на надополнување и заокружување, мислам дека немаше есејски, а прва помош исто така само тест со заокружување во амфитеатар. Претпоставувам дека исто ќе биде и сега.