Јас кај Лабудовиќ бев и теорија и практичен па затоа претпоставив дека кај исти ќе сме и сега. Дај боже да не сум кај Богданска на усно
Јануарито така бевме, ама сега на 11ти јуни не беше така, затоа некако не можам да сум сигурна шот ќе биде со биохем 2.
Јас полагав кај проф.Ставриќ, ама друг Ми беше од хирургија супер поминавме сите прашува општи раб перкусија,палпација кај се прави,хематемеза,мелена, разлика од долно дигестивно и горно дигестивно крварење, стернална пункција, пет скен и оној практикумот шо е од Штип обавезно
значи да учам од практикумот тој од 54 страни што е веројатно? бидејки знам дека има нешо и од 400 страни
Ве молам за помош. Сакам да се запишам на МЕДФ при УКИМ. Би сакала искрено да ми кажете дали имам шанса или да си размислувам за друг факс Сакам да се запишам на насоката: Радиолошки технолог, шест семестри. Завршив средно економско. Успех од матура: македонски 3, англиски 2, интерни: историја и право 5, проектна 5. Оценките ми беа сите петки, освен математика во прва 2. Завршив средно, потоа курс за болничарка и работам како болничарка во Градска, но сега сакам да запишам факс. Ми е срам да прашувам по пријатели дека матурата не ми беше баш сјајна, не сакам да ми се смеат или да ме понижат: што бараш ти на медицински со тоа средно и неодличен успех од матура. Знаете какви се луѓето... Има ли надеж да ме примат на насоката Радиолошки технолог? Ве молам искрено.
Секако дека имаш шанси, на 3г смерови често и втор рок има слободни места. И вонредно исто многу примаат со послаби поени што сум гледала до сега уписи и поени. Тешко е за општа медицина, за 3г студии многу полесно се запишуваат.
Јас полагав кај проф. Боро Џонов но со професорка од гастро. Супер е професорот испрашува за палпација на тироидна, точки на абдомен особено за воспаление на апендикс, главно од скриптата што е од Штип. Ме праша така покарактерстично прашање за струен удар кој орган прв страда. Инаку мој другар полагаше кај проф. Маријан и знам ги испрашуваше на ЕКГ но и тој бил супер сите положиле.