Некој да сподели искуства од претсесија како поминавте на анатомија 3 испитот? Реално ли би било да се подготви за август? Покрљј другите предмети..
Јас полагав клиничко кај Маријан. Точно, прашува ЕКГ, но школкски примери(вентрикуларна/атријална тахикардија, фибрилација, атријален флатер и сл), тогаш ни даде да интерпретираме и една рентгенска снимка од пациент шо земавме анамнеза. Инаку мене ме прашуваше и од ревматологија, кои лабораториски параметри се значајни кај лупус и ревматоиден артрит.
Прво имавме прелиминарен нели, кој искрено, беше малку зезнат, имаше детали во тие на заокружување и дополнување, додека есејските беа по базични ( gl.lingualis, nucleus ruber, tractus rubrospinalis, сензорните полиња и сл.). Ама целосно, не можам да кажам дека беше лесен, само половина од тие што полагавме го положивме. Усното знаеш, зависи од професорот. Нас Живадиновиќ не носеше прво во сала, влечевме регии, па ако поминевме таму, продолжувавме на усно во канцеларија, каде првин не прашуваше што сакаме ние од ЦНС, па потоа трактус кој го сакаш, и на крај органи и сетила. Повтори и кранијални, мене ме праша за n.maxillaris. Ме праша за зопоз, врски на ларинкс, ѕидови на фаринкс, јазик, па како се поделени обвивките на окото.. Кај другите професори не знам како било, ама ако не сум грешка, мислам дека и Папазова испрашувала прво практично, па усно.
Јас да споделам искуство од проф. Каќа Поповска, гледам нема на форумов, нека стои. Професорката е супер, не знам од кај излегле муабети дека е страшна. Слушнав на колеги им дала дури и шанса да препрочитаат и да се јават во некој нареден термин во сесијава, да ги допраша за нешто што заглавиле. Прашува 2 прашања теорија, 2 практично. Прашањата од теорија се од општ тип, на пример: Антитела, антигени, неспецифичен имунитет и сл. Прво те остава да кажеш што знаеш се, што повеќе зборуваш, тоа подобро. Потоа поставува потпрашања. Пример кај антителава многу сака да ја прашува поделбата според функција и да објаснуваш за сите пооделно. И тука обавезно ќе те праша за некој од тестовите (пр. Аглутинација, а ако прашува за антигени, некое специфично тестирање за нив). Кога ќе почне со потпрашања оди до најмали ситници, ама ако солидно знаеш да одговориш не прави проблем. Од практично прашува конкретно некое делче (пр. Диск дифузиона метода, ПВР, Елеков тест, Хемокултура, земање ликвор и сл.) и само на тоа се задржува исто со потпрашања. Ако те види дека си знаел професорката е прекоректна, а исто така многу помага ако заглавиш негде. Јас одев со страв, бидејќи кажуваа дека на Микро катедра таа била на ,,врвот на стравот", ама ми беше еден од поубавите усмени испити до сега.
Здраво, би сакала да ве прашам во врска со предметот прва помош, дали се паѓаат горе-долу истите тестови и од што да учам за висока оценка, дали ќе треба и од книгата?
Некој да ми каже искуство со Марјан Камилоски и Биљана Герасимовска по клиничко? За другарка од трета прашувам.
Nie vo ist termin polagavme, nekoi od profesorite isprashuvaat vo ista prostorija, drugi treba da gi pobarash na nivnata klinika. Vajda e toj del individualen ama vo ist den se zavrshuva.
Здраво колеги, дали некој имал полагано клиничко кај Татјана Миленковиќ(ендокринологија) и Сотир Ставридис(хирургија) ако може да сподели искуство.
За Миленковиќ сум слушал мешани искуства, некои супер поминале, некои не баш. Затоа не би да коментирам. За Ставридис навистина не знам.
Ќе споделев веднаш штом видов но ниту Интерна ниту клиничко ниту Хирургија имам полагано кај некој од овие. Еве ќе се распрашам меѓу помлади колеги или мои блиски колеги па ќе споделам. Инаку јас полагав кај Докиќ Дејан (пулмо) и Ката Мартинова (педијатрија) ако некој нешо за нив го интересира можам да споделам. Ставридис инаку ми беше еден од менторите на клиничката пракса хирургија во 6та и имам супер искуство онака посветен и начитан професор, во мое време уште асс беше и не знам како испрашува но би требало да е океј.