Фала ви многу @Lavender4 за другарка од трета прашувам. Ама сепак сподели тука или во лп искуство штом ти кажат.
Мене лично полагањето на микробиологија кај неа ми беше кошмар. Толку одвратно однесување и потценување не сум имала никогаш во животот. Тоа беше во 2002, многу лош впечаток ми остави, и таа и проф. Докиќ, оти потценуваат студенти што не студираат на медицински факултет. Така беше тогаш, за сега не знам. Инаку општо, лош беше односот на повеќето професорки што предаваа институтски предмети, чест на исклучоците.
Ау не знам, сега воопшто не беше таква. Малце се нервираше ако не знаеше некој основни работи, ама воглавно супер и беше односот и комуникацијата и преку мејл, а и вака за време на испитот.
Некој шо полагал јануари инфективно или од постарите колеги да сподели искуство за полагање кај било кој проф. дали комбинации прашуваат, од колоквиуми итн?
Есејските беа побитни работи како физиолошки функции на естроген, прогестерон... Има 20 на заокружување, повеќето беа лесни. Малку е кнап со времето, ама ако пишуваш побрзо ќе стигнеш.
Близу до инфективна, позади модуларната болница за ковид, прашај наоколу, ќе ти каже некој, вака не знам да објаснам добро.
Јас полагав кај проф. Миленкович(Звонко), кај него нема најчесто поставувани прашања, туку се влече. Влечеш 3-4 ливчиња од различни делови, фактички доаѓа по едно прашање од колоквиумите и две прашања од материјалот за завршен испит. Лошото е шо буквално се може да ти се падне, додека другите проф. имаат некои почесто поставувани прашања. Искрен да бидам професорот е малку чуден, многу често се противи на одговорите дека “тоа не е така”, ама едноставно игнорирај го(ако се падниш кај него) и продолжи си. Ретко кој паднал на испит кај него. Инаку вака во главно, од колеги шо кажувале, знаат да прашуваат ситници или некои безвезни информации како инкубација и сл.
Не знам како ќе биде многу ми е тежок предметов со траумите од микро шо си ги влечам имам одбивност Фала многу
Потполно те разбирам, микро ич не ми беше по ќеиф како предмет, а инфективно, можеби поради клиничкиот дел некако се трпи. Инаку можам да кажам дека е еден од потешките клинички предмети, обемен, детален, професорите доста си бараат... најблагодарен сум му на асистентот проф. д-р Крсто, каков човек ! Најдоброто објаснување за анамнеза и клинички преглед, ако не беше тој ден-денес немаше да знам анамнеза да земам, бидејќи фала богу никој не зеде да ни објасни како шо треба, по ред.
И јас не сум слушнала некој да каже позитивно искуство од полагањето кај нејзе, кошмар. Јас се паднав кај нејзе прв пат и не појдов, за што да одам да ме малтретира и на крај да ми пише 6ка, не фала. Другите од таа катедра се вака океј, барем јас кога полагав.
Инфективно е од тие предмети што баш се треба да се научи, професорите се сите специфични и доста бараат. Ако планираш да полагаш спреми го убаво.
Ирена Кондова прашува повеќе од делот за испит ако убаво памтам јас кај неа полагав. Бара доста знаење но е коректна и со оценување. Принципиелна е , но пак ќе кажам многу фер за оценување. Поставува инаку 4-5 прашања. За болестите најбитно е клиничката слика убаво да и ја објасниш тоа највеќе ја интересираше знам. Може и нешто од микро/епидемиологија да те потпраша ситница уз пат ако и текне. Но во глобала со спремен материјал не се паѓа кај неа. За Звонко ти пишаа горе, Гроздановски е океј исто и фин е, Стојковска знам дека врти по книгата и на која страна ќе ти се падне за тоа поглавје те прашува од А до Ш се , мислам дека е и најкомплицирана од таму. Имаше уште еден што прашува Марјан или Миле не му го памтам името, не знам за него ништо некој од колегиве тука ако знае да ти каже.
Јас полагав кај проф. Стојковска во јануари, можеби порано било така како што пиша колешката погоре сега беше поразлично. Прво ти дава нешто како случај за решавање, ти кажува неколку симптоми и треба ги кажеш сите можни диференцијални дијагнози на кои се сомневаш. Потоа ти поставува 4 прашања, едно задолжително антибиотици и други 3 по избор од кои едното ми беше од колоквиум. Бара повеќе клинчка слика, хипотетички ситуации, на пример ти доаѓа пациент во амбуланта како ќе препознаеш дека тетанус и такви слични прашања. Инаку проф е многу фина и оценува фер.