Дали е доволно за положување Хигиена кај проф.Драган од презентации, некако книгава ич не ми е убава...
Колеги нема здравствено осигурување, има некое инфо дали ќе продолжуваат од факс или сами да си идеме да си продолжиме?
Здраво, дали некој има искуство со полагање клиничко испитување кај проф. Вавлукис и проф. Антовиќ? Доколку има некој ве молам да споделите искуства, благодарам однапред❤
Најверојатно ќе треба повторно да се носат потврди, од факс не сум сигурна дали повторно ќе продолжат автоматски како во октомври.
Сакам да прашам дали е можно да се купи книга од библиотеката на медф? Конкретно ми треба Имунологија - Куби , се утепав барајќи по нет но изгледа никаде ја нема во оригинална верзија веќе
Не може да се купи од библиотеката. Оригинална верзија не знам дали некаде може да се најде... Но, во копирницата ја има копирана, околу 600-700 мислам дека беше.
Па најверојатно по договор ќе ни е со професорите, како хемија лани што беше, секој професор ќе си одреди датуми... Се надевам ќе биде последната недела од испитнава , да се доучи убаво, секако дур ги прегледаат и тестовите деновиве, ваљда има време.
Некој шо полагаше практично физиологија 1 претсесија или јануари да пиши дали прашуваа било што од колоквиумите или доволни се испитните вежби? Знам дека за ЕКГ бараат ама за другите работи? Ако само вежбата ја кажам дали би ме потпрашале плус од колоквиум?
Јас полагав кај проф. Малеска и од вежбата скоро ништо не ме праша, теорија беше повеќето. Обрни внимание на материјалот за крв и КВС обавезно. Пр. Хемостаза, коагулација, крвен притисок и сл.