Зависи од вежбата, ако имаш некоја кратка вежба теорија си прашана сигурно. Крв добро е да го повториш.
Некои професори потпрашуваат, ама воглавно битни и така поглавни работи пример кај крв може да те прашаат што е хемоглобин, од што е изграден, кај хемостаза обавезно фактори на коагулација прашуваат, ама друго ништо детално. Воглавном практикумот го прашуваат онака подетално, ама многу зависи сепак кај кој полагаш, некои проф воопшто не прашуваат од колоквиуми.
Од личен впечаток, а ги слушав и колегите што влегоа со мене внатре, од вежбата бараше само да и раскажеш принципот и нешто побитно како на пример референтни вредности, друго повеќе теорија прашуваше. Еве на пример колешка извлече прашање мерење на крвен притисок. Ја праша со кој уред се мери, нормални вредности и постапката на мерење. Ова го објасни во две реченици и после и бараше регулација на КП, краткорочна, долгорочна буквално да објаснува детално се. Не знам можеби само оваа професорка бара така.
Точно проф.Малеска прашува од матријалот, не од практикумот, јас полагав кај нејзе ама одамна, значи сеуште прашува на истиот принцип.
Јас полагав кај проф Тодоровска, таа си прашуваше само практикум, ама бараше убаво да е научено, пример на ЕКГ бараше да знаеш што значи долг Q-забец, елевација на S-T сегмент . Исто колега полагаше кај проф Сунчица, таа општо потпрашувала од колоквиумите кратко 1-2 прашања и ептен општи работи. Изгледа само проф Малеска прашувала детално од колоквиумите.
Јас имам полагано кај проф.Сунчица кај неа вежбата да знаеш убаво и плус од ЕКГ прашање и обавезно нешто прашува од крв и респираторен мислам дека беше нејзин дел.
Колешки дали патологија 2 сега во јули за втор рок знаете од прилика до кога дозволувааат да се полага?
Dali moze nekoj sto polagal patofiza 1 prakticno vo prv rok da kaze kakvi prasanja se pagaat,dali teorojata od praktikumot ili eksperimentite?
Полагаше некој хигиена во прв рок? Ако да, како беше тестот и усното кога ви го закажаа, брзо ли е после писменото, кај истиот професор е што ќе сте за писмено? @MeckaCia ти да не беше во прв рок, дека прашуваше пред некоја страна за хигиена?
не, јас во јануари го имам положеното писмено мене ми остана само усно кај проф.Ѓорѓев, во втор рок сум
Од тоа што прашв кај истиот проф било и усното, еден-два дена по резултатите. Понеделникот-вторникот имале резултатит. Само многу малку положиле писмено.
Aj nekoj sto polagal patofiza za prv rok da kaze kako se odviva,odis na pismen del i posle cekas rezultati ili odma ti kazuvaat?
Од тие што полагале предсесија ми кажаа дека прво писмено, сат време некаде резултати чекале, па одма по резултатите на усно. И утре би требало да е така.
Јас положив, ама навистина имаше двосмислени и зезнати прашања, требаше да мозгаш на повеќето, бидејќи беа такви што лесно можеш да се збуниш и да заокружиш погрешно. Бараа многу внимателно читање и размислување.