Зашто некои може си виделе другарка во друга група од својот град па да не бидат сами или има некој во групата со кој не сакаат да бидат и затоа
taka edna drugarka mi imashe spomnato deka ne e bash najdobro obelezhan ... aj ke prasham pokonkretno oa ke ti kazham
Што мислете за новите реформи за општа медицина.Според новите измени треба да се полага државен испит во два дела.Првиот дел се полага кон крајот на втора година,а вториот дел по завршување на студиите.Испитот се состои од писмен,практичен,и усен дел.Исто така предвидено е и изучување на еден предмет на странски јазик.Во новиот закон не е дефинирано дали доколку студентот падне на државниот испит има право да полага повторно, или го губи правото на студирање. Се предвидува и стажирање со траење од 45 дена во првите две години.Практичниот дел ќе се полага пред комисија во медицински симулациски центар. Јас мислам дека новите измени предизвикуваат дополнително оптоварување на студентите.Медицинскиот факултет и така е тежок, но со овие измени станува екстремно тежок. http://daily.mk/auto/mladite-lekari-reagiraat-novite-reformi-shtetni-studentite
Сами треба да си купите. Ако не најдете од друго место, на Водњанска има едно продавниче за униформи, мантилите се по 800 денари (барем беа, проверете си за сигурно).
Ова е така не од сега, туку од предходната, академска 2014/15 година, и затоа сега има поделба на смер "Медицина" и "Медицина - нова". Точно е дека тоа се дополнителни притисоци, и освен овие има и неколку други измени кои тука не се споменати, но како што велат: "што е дојдено ќе се трга". Тие 45 работни дена пракса треба да се обават по завршувањето на прва и втора година со тоа што ти сам си бираш каде ќе одиш на пракса и кое лето по колку дена. По завршување на втора година мора да ти се положени сите предмети од тие две години за да можеш да пристапиш кон испитот од Лекарска Комора, и доколку не го положиш него не можеш да запишеш трета година туку чекаш една цела за наредното лето повторно да го полагаш тој испит од ЛК. Во прва година, а после и во трета (или четврта, не сум сигурна) се учи англиски јазик, и не е ништо страшно како што од страна би можело да изгледа. Се' на се', општа медицина отсекогаш си бил и ќе си остане апсолутно најтешкиот факултет, а овие нови закони не го прават нешто посебно, "екстремно" тежок, туку само воведуваат плус неколку нови препреки до успешно дипломирање.
Здраво на сите,4та година сум средно гимназија и имам голема желба да се запишам на овој факултет сакам да прашам некој студент какви се условите за упис и колку студенти примаат и дали би можел да се запишам со 2ра година поминат многу добар а другите одличен и какви ми се шансите бидејќи сум гимназија а не средно медицинско?
Секоја година различно примаат зависно од Конкурсот. Дури во Јуни ќе излезе нареден конкурс и ќе видиш колку примаат. Минатата година примаа 280 сега 260 ако зборуваме за ОМ. За тригодишите исто се менува. Условите се упис ти се да си одличен, да имаш соодветни предмети полагано на државна матура и секако високи оценки и перцентили од истата. Поени треба да имаш над 90 за во Ск, за во Штип мин. 80. Нема врска дали си гимназија или медицинско ако имаш доволно поени за да влезеш. Другар беше 5.00, а матура извади две 4ки, другите 5ки и имаше едвај 93 поени. така да матурата е најбитна
Има време за поени, ти требаат и оценки од сведителства и оценки од екстеро и оценки со перцентили од матурата, проектна исто. Има специјален калкулатор од Финки и таму може да се пресметаат но без оценки од матура не пресметува.