Колега ги положи Патологија 1 и 2 кај Башеска така да не е невозможно ама навистина треба вон-сериски напори за положување.
Регуларно си работат, веднаш ќе ти извадат.Само да знаеш во 12 почнувааат. Иначе што е муабетов за таа Башеска што пишувате, озбилно никој не положува кај нејзе? Да почнам да паничам уште од сега Не ми е сфатливо како може некој толку да се преценува и да пушта по 1-2 студенти?
Zdravo, sakam da prasam dali ima nekoj iskustvo kaj Prof. Tosevska za ispit so fizicko prisustvo po Medicinska hemija? Kakvi formuli bara da napises, dali bara samo formuli ili i teorija isprasuva??
и мене не ми се верувваше додека не дојдовме на ред ние, во прв рок само 2-3 пушти, сеа слушам пак колегиве што моментално полагаат кај неа ги испобуткала, не знам што е работата стварно
Дали верувате дека навистина ке ни даваат по 2400 за јадење месечно? некако искуството до сеа ми покажало дека само се гледа да ни земат што поише пари можат, дур не видам со свои очи не верувам
Дали патофиза1 во предсесија, па и во претходните години, ве прашуваа според испитните прашања што ни ги дадоа од катедра?
Да, од нив испрашуваат.Ама помини за нарушувања на јх, протеини и други побитни работи и од книга. @MeckaCia Да не ѝ е време за пензија наскоро?
Требаше уште од лани да е во пензија ама мислам дека има продолжено по своја воља. Што повеќе студенти за измачување тоа подобро
Немаат ли некој закон и тие проф од факултет до колку можат да работат? Нема ли некако можност да ги пензионираат, без да можат да продолжат
За жени е до 65 години после можи да оди во приватна установа да работи во државно мислам дека за жени е до 65, за мажи 67
Само тие, може да потпрашаат од теорија ама ако не знаеш само нема максимум поени да имаш. Жена може да се пензионира на 62, маж на 64. Мажите ако сакаат може да продолжат до 67. А жените до 64 или 67. Не знам до каде е законот каде што нема да постои ова 67 веќе.
Јас полагав кај неа лани. Од формули бараше да напишеш многу лесни некои, на пример: глицерол, некоја од тие масните киселини, некој алкан, алкен и слично. Во главно и јас и другата колешка добро поминавме. Од теорија да си имаш солидно научено треба, не бара нешто научна фантастика. Од секоја лекција тоа што е важното, не бара многу ситници. Многу убаво искуство ми беше мене и воопшто не беше стресно.
Општа медицина на англиски 100 студенти Плус има нов смер за дипломиран акушер/акушерка со околу 80 студенти вкупно така да тука се одзема.
Јас од сите катедри и најдоброто ама и најлошото го имам искусено. Еве она е една од нив. Реално жената бара да знаеш и да и кажеш работи така како што таа ги има намислено. Сите професори(речиси сите) од типот на Јаневска, Спасевска, Петрушевска или Куновска или воопшто не прашуваа препарати или ги бараа онака теоретски да ги кажеш. Е оваа на пример 5-6 ќе ти лупне едно по едно на микроскоп како Хисто кога полагаш и ќе почне да те тупи , ај шо ќе и го кажеш тоа од практикум ти бара и уште па и диференцијални дијагнози и триста чуда, работи кои реално се учат дури во Интерна и Хирургија. За теорија можда е поокеј ама прашува 6-7 прашања минимум, речиси од секоја тема по едно. И најлошото е што не знам има некој си чуден "критериум" па веќе студентите ја знаат и од 30 пријавени шо се на список кај неа одвај по 5-6 одат на испит и од тие 2-3 максимум ќе положат, а знам случаеви и никој да не пушти. Плус и не дава втора шанса да доучиш ко Петрушевска или Спасевска што даваа. Друго не знам за женава што да ви кажам ја положив со живи маки Патологија 1 кај неа, едно саат ипол само препарати ме прашуваше па после уште саат ипол а можда и два теорија што реално е too much , Интерна или Хирургија шо се двосеместрални па не трае толку полагањето, ама тоа е. Не би ви посакала да се паднете кај неа, зошто само ќе се разочарате едноставно таква е. Жртвував предмети за да спремам Патологија 1 и на крај 7 да ми стави и тоа и за неа се мислеше. Како што пишаа погоре со знаење за испит за кај Башеска кај сите други проф таму минимум имаш 9..