Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    А добро, после олку лоши искуства се нема некој осмелено да пријави некаде или комисиски да си полага?
    Навистина не е фер знаење за 10 да се оценува со 6 или 7, не дека учиме за оценка ама има деца со 10ки и одма 6ка влијае на цел просек.

    Да дополнам, дури и најстрогите професори на Анатомија или други важни предмети не го прават ова (фала Богу таквите се историја) ...
     
    На Angie1432 и floppy77 им се допаѓа ова.
  2. stingray

    stingray Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Да, јас полагав прв рок. Фин е професорот. Можеше буквално се да те праша, пр пнеумоторакс, фрактури, емфизем. Од скриптата прашањата беа лесни, како акутен абдомен, перкусија и сл.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.931
    Пол:
    Машки
    И шо ако пријави, мислиш нешто ќе се преземе? Комиски ќе треба да полагаш пред 3 нејзини колеги/колешки, голема е шансата и тие да не те пуштат таа ако им речи така, бидејќи ТАА сметала дека ти доволно не знаеш.

    Слушнав еден муабет пред 2 години дека деканот на стоматолошки побарал да не полагаат стоматолозите кај Башеска поради тоа шо ЕДЕН немал положено.

    Слична приказна беше Стратеска, страв и трепет, во една од сесиите, другите професори ја молеа да ги прегледа тестовите, а таа им возврати “Нема шо да прегледувам, ќе си дојдат во август!” Па на усните испити прашуваше се живо и диво од книгата, дури и најмалите ситници.

    Неопходно е да се воведе правило за униформност на усните испити, не може еден да прашува едно прашање, а кај друг испитот да трае 2 дена.
     
    На Zahirr, stingray, Lollipop_123 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Кога деканатот би превземал мерки нема да се случува тоа, за жал немаме никакви права како студенти, колку пати сме се жалеле и генерациски од одредени катедри, но деканатот не превзема ништо. Ни преостанува да се снаоѓаме како знаеме.
     
    На Lollipop_123, Angie1432, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Чисто само за споредба. Другар мој студира во Словенија, каде доколку паднеш два пати испит по било кој предмет, третиот пат автоматски факултетот свикува комисија со цел да се утврди дали проблемот е во професорот или во студентот. Кај нас факултетот едноставно не е на страната на студентите. Не знам само дали со ова сакаат да произведат добри или исфрустрирани доктори. :?:
     
    На Anie93, Zahirr, anxxxxiety и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Кај нас 20 студенти положуваат од 200 по некој предмети, особено со онлајн полагањево и не се превзема ништо, во нормални услови полагањето би се сметало за неважечко. А не ние се ценкаме со катедрите да ни попуштат по еден бод за да има положено доволен број на студенти.
     
    На Anie93, Glowy, motojlo и 3 други им се допаѓа ова.
  7. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    На ништо не личи ова веќе. Некои предмети ги слушаме по 550 студенти, од кои нека се 200, па и 250 студенти од тековната генерација. Како може да е нормално да има толку презапишани? И никој не се запрашал зошто...
     
    На Anie93, Guns N` Roses, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    И после се чудиме зошто никаде не ни е признат факултетот, зошто не сме во топ 500 на Шангајска листа и слично. Студентите се секаде исти, има поинтелигенти и помалку интелигентни, работата е да се потрудат повеќе професорите за нашето образование, а не да гледаат повеќе да бувнат за да си стекнат титула ,,строги" (чест на исклучоци). Треба и да си се потрудат да има повеќе интеракција за време на предавања и вежби. А и да си објават литература нивна, а не да учиме од странски книги, со српски преводи.
    Исто во врска со полагањата, некои предмети воопшто не се добро организирани со материјал, ти трупаат по 500 страни за испит, а колоквиумите се боза. Зарем не би било подобро за нас да учиме на повеќе пати помалку материјал отколку се заедно? И полесно би го сфатиле. Се на се, заклучок, овде кај нас треба темелно да се сменат некои работи за да се види напредок. А не е се така црно, има супер професори кои навистина се трудат да пренесат знаење... не само на плукаме.
     
    На Anie93, stingray, anxxxxiety и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Доста имаат пријавувано комисиски особено Патологија 2 и положуваат зошто реално цела катедра знаат каква е и воопшто не е проблем комисиски да положиш Патологија со убаво спремен материјал за кој таа би ти рекла дека не е доволно или ако ептен ти се посреќи некоја 6ка или скромно 7че. Ве читам и надолу за се сте во право ама деканатот со гоооодини се прави глув и нем. Сами треба да си покренувате иницијатива за се и тоа МАСОВНО, како што беше пред 3-4 години примерот со Имунологија не знам колку сте во тек помладите генерации, постариве на форумот знаат на што мислам ајде да не ја менувам темата, но во контекст на тоа што пишувате ви кажувам.
     
    На srcence1607, stingray, motojlo и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.781
    Пол:
    Женски
    Абе сеа има исфрустрирани професори не дека нема, ама исто има и студенти што стварно заслужено не положуваат.Какви работи имам слушнато, па и колку изгубени луѓе има, чудно ми е како вооошто се запишале.Не сакам никој да се најде навреден, ама таа е реалноста, некој пат повеќе сакаме да наоѓаме други виновници отколку проблемот да го побараме кај нас.И јас тоа го правам понекогаш не викам не.
    Исклучок се еве некои вакви професори и секако мислам дека мора да бидат подложни на некаква контрола ама за жал се знае дека кај нас студентите немаат некои големи права.
     
    На Glowy и motojlo им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Баш тие изгубените први дипломираат :wasntme:
     
    На Anie93, Yellow456, Lollipop_123 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Да, и јас не викам дека нема такви студенти. Иам полагано со колеги на кои професориве не можеле да им се начудат на глупостите шо ги кажуваат и нормално дека им е заслужено губењето година. Ама толкав број да изгубат година? Толку ли многу ,,дудуци" има запишани, па да не можат за една 6ка да научат? Ако навистина има толку многу вакви колеги кои не знам како се запишале, тогаш проблемот не треба да се реши на катедрите со професорите, туку на уписите во прва година...
     
    На Glowy, Waverly Raven, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Јас не сум се појавувала на испит од срам дека нема да знам нешто и многу имам изгубено заради тоа, ама кога на испит слушнав колеги какви глупости тропаат, нешто што од основна култура треба да се знае и како лабаво си одат на полагање и истите тие положиле се ми стана јасно, ама со текот на времето се навкнуваш па не се замараш гледаш да се снајдеш што побрзо да завршиш, луда куќа, ако влезеш во бубањот нема излегување.
     
    На Anie93, Lollipop_123, FridaodaMk и 6 други им се допаѓа ова.
  14. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    А јас сум бидена и сведок на студент да положи Физиологија 1 без да знае да прочита која крвна група ја одредува, без да знае да го каже значењето на одредување крвна група, друг студент без да знае фази на хемостаза и слично.
    Мислам дека поголем проблем се овие што положуваат на незнаење, отколку тие што паѓаат...
    И мене ми се случило да одам неспремна на испит, било усмен или писмен, па сум паднала, ама знам дека кај мене е кривицата тогаш.
     
    На Anie93, Lollipop_123, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Мене овие студенти најголема мотивација ми се. Тие прават да јас учам повеќе, пошо кога ги гледам како не знаат и какви глупости тресат, ќе си речам: ,, Дај да научам колку што може подетално и поубаво за да не бидам на испит како нив и за во иднина да не бидам со нивното (не)знаење. " :)
     
    На Anie93, Yellow456, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  16. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Јас пак имам проблем што некогаш се блокирам, буквално се ми се губи од ученото и тогаш се чувствувам како тие ништо што не знаат и ме фаќа голем страм, па блокадата се продлабочува и така влегувам во некој магичен круг и паѓам... ама затоа нареден пат ме фаќа инает некако и не си дозволувам да се блокирам... учам малку по малку да си ја контролирам анксиозноста.
     
    На ElenaOfRivendell, Lollipop_123, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    2.317
    Пол:
    Женски
    Исто ми се случува како друг brain да имам на испит а кога ќе искочам ми се редат сите коцки.. многу чудно:D
     
    На ElenaOfRivendell и floppy77 им се допаѓа ова.
  18. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Само дај си време кога ќе седнеш на испит барем кратко да се смириш и да си размислиш што, како те прашал професорот и ќе ти биде многу подобро. Мене ова истото ми се случуваше прв семестар, дека први испити, први усни полагања, ама од оваа година блокадава ми е само до моментот пред да почне професорот/ката да ме испрашува. Додека ми го поставува првото прашање некако наеднаш пред мене целиот учебник излегува, па почнувам во главата да си листам кое како сум го учела и ја снемува таа блокада :D
     
    На Glowy, motojlo, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Јас имам приметено дека таа блокада ми се јавува откако ќе дознаам кај кој професор полагам, па ако прашам за искуство и некој ми каже дека строго било, одам со mindset дека ќе паднам и паѓам. Еве на пример, Анатомија едно од усните полагања ми беше кај ,,строг професор" и буквално како што одев по пат плачев, си појдов таму и паднав на многу базични прашања што дома знаев да ги пеам... затоа во последно ич не слушам други мислења, одам како да полагам кај најдобар професор.
     
    На ElenaOfRivendell, Lollipop_123, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Е, ова ти е нешо најдобро шо можеш да го направиш. Има многу колеги кои шират лоши муабети за професорите, само затоа што не научиле како што треба, па професорот ги паднал и сега тој им е крив. Најубаво е кога ќе отидеш на испит вака со ладна глава, па сам да си искусиш како е.
     
    На ElenaOfRivendell, Glowy, motojlo и 1 друга личност им се допаѓа ова.