А имам приметено дека за тие професори што ги бие глас дека се лоши, добро имам поминато. Еве кај проф. Зафирова полагав колоквиум, професорката една атмосфера опуштена што направи, алал да и е. Кажуваше прво шеги некои, си поправивме муабет, виде од каде сум па се посмеавме, ќе ми дојдела на кафе и тек после ме испрашуваше... не дека беше лесно ама во опуштена атмосфера поминав.
Јас вака со Лабудовиќ медицинска хемија. Значи нема што не ми кажаа за нејзе, демек лоша била, сигурно ќе сум паднела, нема шанси да положам колку и да сум учела, све прашувала. Жената срце е, насмеана беше, прво вака не опушти на почеток со краток разговор и испрашувањето после не беше стресно, таа си прашува, ти дава време да размислиш и на крај си добив и супер оцена. Го знаеш нашиов факултет, колку ти се непријатели професорите, толку ти се и колегите, значи се ќе направат само да те обесхрабрат на било кој испит...
Изгледа ќе полагам кај проф. Лабудовиќ Биохемија завршен, добро ми дојде што слушнав вакво нешто за неа... А иначе некои од колегите вадат муабети такви лоши демек за да те обесхрабрат, а некои да кажат дека положиле кај строг професор, да се пофалат... општо на факултетов тешко е да најдеш некој што навистина ти мисли добро... јас среќа што имам другарка од средно овде, а иначе добро се спријателив со колеги веќе крај на прва година, до тогаш бев во фаза на запознавање. И сега си одржувам ептен тесен круг на колеги на кои можам да им верувам.
Мене за проф. Тошеска таков муабет ми правеа за онлајн полагањата, првпат кај неа се паднав и демек ау со среќа она многу паѓа или ептен со минимум ќе те пушти, се стресирав цела недела чекајќи резултати, кога видов сум положила и тоа со убави поени си викам на себе не научи ли будало да не веруваш веќе на искуства за професори, се е индивидуално, не си од вчера студент. Стварно е најпаметно да не се прашува ич за искуства со професори, до сега се обратно испаднало, со "строгите" супер сум прошла, со тие "предобрите" полоши полагања имам.
Јас имам полагано кај неа. Го бараше убаво делот од биохемија да се знае. Од формули на аминокиселините бараше. Јас кога полагав немав научено формули, никој во мојата група што полагавме не знаевме формули, па ни даде опција да дојдеме за 2 дена со научени формули да полагаме пак или да ни стави 6ки.
Значи според ова се бара професорката, јас кога полагав ништо не праша за аминокиселини, а за јаглехидрати и липиди минимално нешто од типот наброи неколку пентози и толку. Повеќе замараше со органскиот дел ама и од таму прашуваше работи што треба да се знаат.
Па, после се што видовме од ,,колегијалноста" на нашиве колеги После сите драми што ги видовме од колегиве наши овие две години, на факсов најубаво човек да си има 5-6 поблиски колеги и толку, со другиве онака само поповршен муабет и толку. Буквално не знаеш кој што ти мисли.
@floppy77 За проф. Лабудовиќ сите зборуваа, а за наша генерација најдобра се покажа, јас еден не слушнав дека се пожали од неа. Хемија за да се положи мора да се има научено сите се прашуваат. @Dream-Girl јас пак за проф. Тошеска обратно слушнав дека е дарежлива со поени. Се е индивидуално и кој како сака си толкува. Јас веќе не прашувам за искуства, што помалку знам тоа подобро.
Па тоа и јас викам, вака само се стресираме кој каков бил, а и тоа што викаш, добар и лош професор е релативна работа. За некој и најфините професори се строги, ако нема научено.
Добар тим од неколку колеги чудо може да направи и да те мотивита, да ти помогне, да те охрабри, а за останатите колегите се знае што ти мислат .
Мене цела катедра биохемија ми се океј, досега еве кај сите професорки сум била овие 3 семестри, кај кој за завршен, кој за колоквиум, кој за практично и од ниедна професорка таму не сум видела штета, баш сакаат максимум да извлечат од секој студент. А, лани пред завршен хемија постари колеги доста не плашеа дека многу барале, претешко било хемија, биохемија уште потешко блабла... Мене лично најокеј катедра ми се, се чудам зашо лани толку ги кажуваа ко строги, од страв цел месец учев хемија за завршен.
Мене општо Хемија не ми оди толку, па со мака ги спремам и колоквиуми и испити, затоа ми е многу тешко. Ама воглавно како катедра се една од покоректните.
Јас се измачив со хемија, 3 сесија едвај 6 земав, за биохемија наредна година уште сега ми е страв. Ич не ми оди хемија. Ама ако кажам дека се лоши ќе биде себично зошто еве за деца што им оди хемија се коректни. Јас нешто друго сакав да прашам. Положив анатомија 2 завршен вчера и уште не ми е верно дали сега ќе слушам конечно се од втора од октомври, значи анатомија 3, физиологија 1 и 2, патофиза 1? Да не имаат уште некој услов да се положи или готово толку беше, да спиам мирно.
@petrova89 засега толку од стресот, повеќе од октомври не чека. Иначе не знам колку ќе спиеш мирно, јас уште сонувам некогаш како полагам анатомија и баш викав сега со фатени услови ќе ми е помирно, баш од страв па некој предмет да не ме завлече, максимално у све се вложувам и сум под стрес за се. Мислам тоа сум јас ама дека знам дека и ти си ко мене ти кажувам, нема крај на стресот. Едит: честитки за положувањето
Фала ти. Инаку да, често и мене мислата да не излезе уште некоја година плус не ми дава мир ама кога сме се фатиле на орото ќе се игра до крај.
Zafirova e legenda, se znae si naucil polozhuvas, ako ne pagjas. Isto i Labudovic e prekrasna profesorka.
Хигиена за вториот дел т.е за хигиена на исхрана само овие 3 презентации што се на teams се за учење или има уште некоја неприкачена? Добро и вежбите плус... Дека малку ми се гледаат, па да си прашам.
Pred 2 godini polagav kaj nea, za lipidi formuli obavezno isto, ne prasuvase toa. Mora ubavo da vi e nauceno za kaj nea ama ako znaete ubavo kje ve nagradi so dobra ocena.