Дали може и јас да прашам нешто? Ако не ме примат во првиот уписен на медицински во Скопје, како ќе конкурирам на УГД кога потпишуваме изјава за неподигање на документите најмалку 3 месеци?
Здраво имам 99,29 поени од матура и се мислам каде да се запишам медицина Скопје или Штип..Може ли некој поискусен студент да ми даде совет? Имам неколку прашања во глава: се признава ли дипломата од УГД секаде во странство, дали се исти испитните рокови, каков е распоредот на предметите, какви се професорите и асистентите..
Минатата година се запишав и до сега можам да ти кажам ова: Со 99,29 поени влегуваш секаде Скопје/Штип. Дипломата е признаена во странство и од УГД и од УКИМ со тоа што секоја држава си има своја политика на дополагање испити и слично зависно од курикулумот на факултетот и слично.. Испитни рокови се исти горе доле. Штип имаат малку поразлична програма од Скопје но горе доле 90% од предметите се поклопуваат (предклинички и клинички). Јас сум на тригодишните стручни студии но ги знам претежно сите катедри до сега и нивните професори. Професорите и асистентите си се секој приказна за себе т.е ќе сретнеш луѓе што си ја сакаат професијата и се максимално посветени на студентите до такви кои што се иживуваат со студентите и работат колку да се рече, до утре да пишуваме на оваа тема нема да завршиме. Накратко секој студент е приказна за себе и не треба да се мава интерес за тоа какви се професорите. Ако за мене некој е хорор , за тебе може да е едно од најдобрите полагања кај тој професор. Се е индивидуално искуство на факултетов. Од старт ќе ти кажам оптовареноста во Скопје е драстично поголема од Штип и доколку имаш желба за студирање , запиши се тука во Скопје. Во однос на предметите и на општа медицина и на тригодишните студии се поделени на 2 дела: предклинички (институтски) и клинички. Предклиничките се во првите години на студирање и се изучува основната морфологија и физиологија на човекот. Понатаму следат клинички кои се изведуваат на клиниките од комплексот клиники Мајка Тереза и други установи. Курикулумот е обемен , распоредот е често преоптоварен со предавања / вежби / семинари но на се ова има адаптација како ќе почнеш со студирањето Се надевам дека ти помогнав и ти посакувам среќа
Денеска, утре и задутре усното ќе биде...... Не ќе беше лошо барем малку хумани да беа да одморевме барем еден ден.
има во антикварниците на плоштад...една жена со плава коса мислам дека е, можеш и да пробаш да се исценкаш, цената и е 3000 за двата тома, на српски е...
Zdravo dali moze da kaze nekoj sto polagal biohemija2 vo januari kako pominal kakvi prasanja se postavuvaat?