Не е важен, па ниту за стипендија, имаш трета група каде што земаш со просек над 7, а такв просек сигурно ќе имаш.
Ако зборуваме искрено просекот воопшто не е важен за понатамошен успех. Ниту за вработување, ниту за специјализација, за стипендија може да се вреднува, ама некогаш и тие со просек не добиваат стипендија. И да кога ќе размислам за себе си учам, не бркам просек по секоја цена, но сакам да имам високи оценки затоа што сметам дека ги заслужувам и криво ми е кога некогаш ќе се отепам од учење а ќе добијам пролазна оценка заради тоа што прашањата се од сосема друг матријал, поради краткото време за полагање на испитот и лечењето на комплекси од страна на некој катедри или професори.
Здраво,да ли некој знае до кога е рокот за online пријавувањето на медицински факултет?и какви се шансите за примање со 96 бода?
УППИ го симнуваш од страната на конкурсот за стипендија и го печатиш(мислам дека и во фотокопирот спроти пекарата мама го има), го пополнуваш и потоа го оставаш на студентски прашања. Обично се чекаше околу 1 ден.
Vo vtora godina se aplicira za stipendijata of Mon. A vo treat ili cetvrta za stipendijata od alkaloid. Ima razlichni uslovi koi treba da se ispolnat za razlichni kategorii na stipendii. Ako ti trebaat podetalni info pisi slobodno. Daaa, kaj niv ima poniska konkurencija i so ovie bodovi mozesh da vlezesh i vo drzavna kvota
Рокот е до уписите 31 август. Ќе те примат со 96 сигурно, само може да си приватна бидејќи годинава 200 студенти примаат вкупно. За тригодишните е полабаво не се пополнуваат сите во прв рок и со ниски поени се влегува. Не
Тестот е потежок, покомплицирани се прашањата, треба убаво да се размисли за да се одговори точно. Усното е прелесно, влечиш вежба и раскажуваш, ако те потпраша проф нешто ќе е или тоа што си испуштил од вежбата или нешто многу крупно од теорија. Навистина се префини и материјалот е баш само практикум тој што го имаат наведено.
Како што кажа колешката, тестот беше малку потежок, логички прашања имаше, ама ако си ги учела пред тоа колоквиумите (логички, не на памет), ќе го решиш, со оглед на тоа што повеќето прашања беа од теорија. Усното ми беше далеку полесно, влечевме по едно испитно прашање. Проф. бараше да и го кажеме поглавното само од вежбата, не бараше детали воопшто, прашуваше и по нешто теорија во склоп на вежбата, и само сакаше да ти е логично учено, односно да ги имаш сфатено работите. Дури и да не знаеш нешто, ако видеше дека го разбираш тоа што го кажуваш, пишуваше високи поени и положуваше.
дали некој знае уверение за положени испити и потврда за редовен студент дали можам на една уплатница да уплатам вкупно за двете сумата? дека мислам дека иста е трансакциската сметка ама сепак не знам, има некој пробано вака или прават проблем?
Ќе пишам кратко само, пошо колешките пред мене кажаа се. Тестот навистина беше тежок, треба добро да е сфатен целиот матерјал и учебник и практикум за да се положи. Усниот беше полесен, но треба да е научен матерјалот од колоквиумите убаво, бидејќи некои од професорите си испрашуваа и од учебник поубаво. Ако убаво си учела за колоквиумите, немаш гајле на завршен. Со среќа!
Ова прашање мислам дека нема точен одговор. Има колеги кои се поамбициозни и кои се запишале на факултет за да имаат висок просек и сметам дека е тоа во ред и не треба да се суди за тоа. Исто така, има колеги кои се запишале со цел да минуваат макар со 6ка, ама да станат доктори и тоа според мене е исто во ред. Просекот е индивидуална работа и нормално е дека колеги кои немаат висок просек ќе речат дека не е важно да имаш висок просек, а оние со висок просек ќе речат дека се горди што имаат 9ки и 10ки. Јас не би рекла дека просекот е среќа, бидејќи не секогаш ќе полагаш само кај лоши професори, па ќе ти ставаат само 6ки, а исто така и кај многу ,,лоши" професори некогаш можеш со многу убаво научен матерјал да положиш со висока оценка. Така да, ова прашање секој го гледа од своја гледна точка и секој различно ќе одговори.