Втор рок кога полагавме ја прашавме професорката, кажа дека ќе не известат кога и каде да однесеме пријави и да земеме оценки.
Здраво, дали може да ми кажете патологија од каде учевте и каде може да се најдат материјали? Завршив со испитите од втора па сакам да почнам со читање материјали за трета. Исто сакам да прашам и на што најмногу да се посветам од предметите од трета? Што е потешко и дали имате некој совет?
Здраво. Искрено немаш потреба однапред да учиш, се се постигнува со добар time management. Уживај во летото со расчистена втора година. За пато ја учев од скрипта, Робинс и презентации од професорите. Од другите предмети патофиза ми одземаше време ама не беше тешко. Микро2 беше исто океј дури по chill од кецот. Ееее радиологија се малку леви, знам дека сега има усен испит плус. Ама за тој предмет нека каже некој со полагал скоро, ја немав усен испит.
Брат ми ќе започне 5 година на факултет сега и веќе сериозно размислува за која специјализација ќе се насочи после дипломирањето, баш денеска правевме муабет на темава со него. Во фамилија немаме доктори, ниту некои блиски кои се доктори специјалисти и баш и немаме од каде да дознаеме најсигурни информации на темава, па си реков може тука некој ќе знае од лично искуство. Дали некој има што специјализира, има некој близок што специјализира(л) или што знае нешто повеќе да ми објасни за приватна и државна специјализација. Дали е вистина дека ако не си дете на некој вработен во државна клиника немаш шанси за државна специјализација никаква? Ако е така за приватна специјализација колкава сума пари ќе треба да се одвои, многу ли кошта тоа? Кои места на вработување овозможуваат да си приватен специјализант? Брат ми е со просек околу 8.5 некаде, ако ова нешто значи. Благодарна однапред.
За специјализации немам никакви информации ама ме утеши што прочитав дека некој што е недокторско дете стигнал до петта година на факултет. Дај кажи ни во рок е или со некоја плус година измеѓу? Чисто од љубопитност прашувам, ако не сакаш не мора да ми напишеш. И конечно да прочитам за студент со нормален и просечен просек на факултетов, преку глава од напумпани над 9 просеци и фалби за тоа. Изгледа само ние обичните смртници имаме просек 8. Чисто да кажам нека не се најде некој со висок просек засегнат ако чита, со членката си реплицирам за брат и, не си сфаќајте лично. Си се тешам јас.
Сложен ви е факултетот, не се разбирам јас многу кај вас што како е, залудно толку ми објаснувал брат ми. Знам само дека се нервираше пред некоја година дека за некој предмет го зафркнале и ќе учел година дена повеќе, требаше последна година да му е оваа, не е во рок. Тоа ми кажуваше, дека многу имале просек висок во споредба со неговиот, затоа ви напишав дали нешто значи за добивање специјализации, имало некоја поврзаност. Си земаше тој што и да му дадат на полагање, не пребираше дали е 6 или 9, но еве сега се нервира да не му е некаков проблем тоа за специјализација или вработување случајно.
За плус утеха има многу недокторски деца што завршуваат некои „во рок“ некои некоја година плус. Но завршуваат и на крај сите се доктори, не е важно за колку години, важно е откако ќе завршиш да си стучен и да имаш знаење. Не знам какво ти е опкружувањето, но јас познавам многу колеги со различни процеси, кој 9 и над (и воопшто не се фалат дека им е просекот толку, не го ни спомунваат), кој со 8,5-8, кој со 7,5-7 и подолу и воопшто не се замараат преосекот.
Јас познавам многу колеги кои не се докторски деца и деца на професори, па дипломирале во рок. Некои од нив и со висок просек, некои со понизок. Не се фаќајте само за докторските деца, има колеги кои навистина многу учат и си завршуваат на време.
Јас од октомври ќе бидам шеста година и исто така не знам многу-многу за специјализациите и затоа не ме држи за збор. Колку шо знам, за да отпочнеш државна специјализација потребно е да си вработен/да те вработат во државна институција(болница, клиника и сл.) која институција потоа те праќа на специјализација во определена област. Еве од пример, блиска другарка сакаше да специјализира интерна медицина на државно, но не успеа да најде место бидејќи немаше врски и познаници, па многу се разочара, сепак тоа не значи дека е невозможно, но еве нека кажи некој поупатен. Инаку приватните специјализации доста коштаат(можеби над 1000€ од семестар), меѓутоа зависи од гранката и времетраењето.
Трајков и Кочо? За генетика испрашуваше и асс. Горјан (потајно се надевам и асистенти дека ќе испрашуваат)
Zdravo Dali znaete vo odnos na socijalnata stipendija dali bez razlika na broj na polozeni predmeti moze povtorno da se aplicira i zeme istata?
Сигурно и сега ќе има и асистент и професор ако било така и за генетика, зашто колку што знам ќе испрашуваат и од вежби и анализа на случаи.
Изгледа дека се малку и асистенти испрашуваат, секако оценки не пишуваат на полагање. Нека не испрашува
видов оглас од жан митрев клиника и добро ги плаќале специјализантите, не можам сега да го најдам линкот но ќе пробам пак, 800 евра прва год. спец. па после од втора година 1500 со задолжидетелен потпис дека ќе работиш таму 8 години а платите почнувале од 2500...така да, се исплатува да се специјализира, ако точно сум сфатил се..