има ли некој што учат медицинска сестра во скопје нека пише, за да комуницираме бидејќи имаме професори од скопје ги даваат истите тестови и во скопје и во штип па да кажете тие што памтите прашања
Луѓе умираат заради задоцнета дијагноза 12.06.2012 | 14:58 Извор: Нетпрес Прочитано: 231 пати Испрати на пријател Зголеми го фонтот Намали го фонтот Македонија се соочува со сериозен недостиг на патолози. Министерот за здравство, Никола Тодоров, истакна дека за овој проблем не се водело сметка во измин 20, 30 години и сега ни се враќа како бумеранг и тоа на најлоша ситуација кога луѓе умираат заради задоцнета дијагноза. Тодоров рече дека на Институтот за патологија има инсталирано современа апаратура, но она што недостасува е кадар. За цела територија на Македонија работат само 10 патолози. “Апаратура ќе набавиш, ќе реновираш простор ама не можеш доктор да створиш за 6 месеци или една година, особено не еден специјалист. Згора на тоа веројатно и во минатото не ја сметале за атрактивна специјализација, или за тешка специјализација оти покрај анализите треба да вршат и обдукции и тоа е уште еден дополнителен проблем со кој се соочуваме“, појасни Тодоров и додаде дека со новиот закон од 1-ви септември секој нема да може да специјализира што сака, туку што Министерството за здравство смета дека недостасува во државата. За надминување на проблемот, МЗ обезбеди согласности за вработувања на Клиниката за радиотерапија и онкологија, а исти согласности ќе обезбеди и за вработување на Институтот за патологија. Ноу шит?! Биље спречит,него лечит,се молат таквите кои сто сесии не можат да положат предмет ко патологија да се префрлат на цвеќарство. Предмет,10 проценти учење,90 проценти талент.Ако не ве бива,ич не се трудете,ВЕ МОЛАМ ЗА ЗДРАЈВЕТО НА ЦЕЛА НАЦИЈА! Па затоа и ги има у дефицит,пошо мислат дека мама и тато се доктори и мене ќе ме биде или па порано одеа на економски од што не знаеа каде,сега почнаа и на медицина,6 години ќе те трпат по дома и ќе те ранат зошто учиш *тежок* факултет,кој не е тежок,ами обемен. И на крај ќе завршат ко потпросечни доктори или едвај просечни затоа што не ги бидува едноставно. И да не зборувам што татко ми не беше примен да му извадат еден обичен КРЛЕЖ и потоа студентка да се учи на него,го откорнала,го испокасапила,5та година медицина. Сега чмаат со мајка ми на инфективно,зошто ни приватните не го примиле зошто веќе овие во државна го закомплицирале.Еј од КРЛЕЖ!Ц ц ц ц ц ! Срамно!
девојки јас сум заљубена во медицинава. Кога негде го прочитам ова име пепрутки иморници ме лазат, исто како симпатијата да сум ја видела. И дома читам книги за тоа , по нет нон стоп барам и сакам средно медицинско да идам, засега тоа планирам а понатака ако даде господ здравје и факс и се така по ред. Значи тоа го сакам уште од пред незнам колку години... Сакам да им помагам на луѓето и се тоа, знам дека ќе речете мала сум, сеуште ништо незнам, ама ете тоа ми е меракот
Јас сакам да прашам ако има некој запишано на логопедија во скопје и сака да ми објасни подетално за него да ми пише приватна порака . благодарам однапред
Е можеби ова повеќе личи на фантазија отколку на желба но ај и ја да си ја кажам мојата скриена желба. Матуранка сум избрав македонски, англиски, филозофија и социологија, дали ќе имам шанси да се запишам, сакам во Штип бидејќи таму било полесо за запишување а освен тоа и слаб ми е просекот околу 80 или 80 и нешто поенчиња имам Хаха што мислите дали имам барем мали шанси ? И како совет смена на некој друг ако не можам медицина, што би било слично на неа ?
Сакам да се надоврзам на постот на Лилит. Точно е дека во нашата држава има неспособни кадри. Но тоа е поради тоа што државата тоа го дозволила и не создала услови за да се создадат СПОСОБНИ кадри. Како студент на медицина можам да кажам дека медицинскиов факултет е направен за никаде. Со еден збор да кажам ужас е. Како прво секоја година бројот на студенти е ограничен на 120 а потоа се примаат уште 100 плус. Ете не 100 ама плус 70-80. Плус уште некој зашто мајка, татко, баба, дедо, вујко,чичко, стрина, итн. му се врски , го пикнале и си е примен а никаде го нема на листа. Второ 90 % од сите што се примени ако не и повеќе се студенти кои си полагаат со врски некој со 6-ка, некој со 10-ка. (Зависно од тоа колку се влијателни врските) Останатите 10 % се студенти без врски, и што ги паѓаат предметите по неколку пати поради тоа што немаат "звучно" презиме или некој да зборне за нив. 5 % се студенти што стварно МНОГУ учат и ете успеале да си положат одма. Доколку не ја продолжуваат квотата секоја година, би влегле само татините и мамините мази кои на готово ќе си добиваат оценки без знаење а последниве 10 % не би ги ни имало па така кадарот би бил катастрофален. Трето и најбитно ПРАКТИЧНАТА РАБОТА НА ФАКУЛТЕТОВ СКОРО И ДА ЈА НЕМА. НАЈГОЛЕМ ПРОПУСТ НА ДРЖАВАТА БИ РЕКЛА. За да излезат способни кадри треба да им обезбедиш и услови за работа и напредување и усовршување. Иако тоа е најголемиот пропуст и на факултетов. Теорија учиш, бубаш книги од по 1000 страни што практично е невозможно све да запамтиш , а пракса нула. Барем 10 % од тоа што го учиш во книгите да имаш кај да го извежбаш или да ти биде демонстрирано. Пракса во првите години скоро и да нема. Кога си по клиники демек почнуваш да учиш нешто. Оставен си на милост и немилост на докторите и сестрите на клиника па треба да бидеш среќен ако успееш да боцнеш некого, доколку имаат желба да ти покажат. Ако не ќе си ја трпиш нивната ароганција. Вежбите на институтите се никакви, нема ни опрема ни експериментални животни. Треба да бидеш среќен ако барем еднаш видиш жаба или стаорче на вежба, а уште посреќен ако ти ја имаш честа да работиш на него. Но ова ретко да се случи. Опремата е стара ко библија и нефункционална а и поголем дел од кадарот неспособни (пошто дел од нив се вработени исто поради некој си нивен предок и завршиле исто како и горенаведените студенти) Вежбите се држат по подруми, во простории една педа место, немаш кај да се свртиш. Не си извел ниедна вежба а кога полагаш треба да го знаеш тоа. Ваљда ќе ти се сони на сон пред да полагаш или ќе имаш среќа пошто од вежби тешко дека ќе научиш и дека сите студенти ќе ја изведат секоја вежба посебно. -.- На факултетов до пред една година немаше тоалети. Замислете по цел ден си таму а нема кај да мочаш ( да ми извините) Па после долги години од молење на студентите до Деканатот им текна да направат тоалети, што одсабајле некогаш и забораваат да ги отклучат. Односот на професорите и асистентите да не зборам. Ароганција и преценување до небо. Секоја чест на исклучоците има професори кои и асистенти кои се многу коректни и спремни за соработка, но за жал се ретки. Инаку за постот дека ќе се специјализира тоа што мораш а не тоа што сакаш не се согласувам. Можеби јас сакам психијатрија или гинекологија, ме интересира таа област, сакам да си отворам приватна ординација пошто за да влезеш државно пак врски или партиска книшка, и сега ќе морам да специјализирам патологија поради тоа што нема кадри во државава. И тие кадри не би биле специјалисти во областа бидејќи со сила што се вика ќе го учат тоа а не од што сакаат. Уфф ама се распишав ама сакав да го споделам ова со вас. И доколку чита некој што допрва сака да студира медицина нека не се паничи од мојов пост Ако успеете да се запишете кога тогаш ќе завршите, и трудете се колку што можете. За вас. Позз.
Не ти требале изборниве, како ќе учиш 6 години 4 различни видови на хемија и 2-3 различни видови на биологија?
Абе не е само учењето,точно и до пракса е многу,друго е што ќе знае еден штотуку завршен доктор,а друго некој постар со искуство.Дури ко ќе почниш да работиш почнуваш да се вклопуваш,инаку ни тие тон книги не те спасуваат. И тешко е и да се вклопиш кога нашиве лекари ти се креваат и несакаат да покажуваат. Ама ајде,ако се интересираш и треба да напнуваш,ќе ти покажат нешто. А и како сакаат да има кадри кога ставиле 25346574574 барања да исполниш и квалификации па за да влезиш на специјализација? Па и на приватна да не можиш да се запишиш таму кај шо сакаш... А да,тоа дека фалеле кадри па на тоа да се запишувам нема шанси.Ако не го сакаш тоа,не можи тоа цел живот да го работиш.Еве јас пример не ги сакам кожни,судска и неврологија и нема шанси таму да се запишам.Ако треба ќе работам прво општо ама нема да одам на таква специјализација.А и пази,ако специјализираш патологија,правиш и обдукции,не само дијагноза од хистолошки материјал. ФАкултетот стварно е тежок,а уште потежок го прават професорите што си избираат кој да помини,дискриминираат и се.А и некои студенти секако сами си се криви,пошто медицина не се учи напамет,не се учи и со шетање,треба да седниш и да го загрееш столчето,а и со разбирање.После ког ќе а завршиш веќе можиш да се усовршуваш,да учиш од другите,да читаш дополнителна литература. А тоа дека од неправилно изваден крлеж останал татко и на Лилит,неверувам да било,можно е само ако крлежот бил заразен пошто тие се најголемите пренесувачи на зарази.Па особено штом завршиле на инфективно,пошто тие ги превземаат заразените случаи. А тежок си е,не само обемен,не треба само да земиш да копаш за да е тешко,напорно е и ова.И не само факултетот,после па за работата и да не збораме.САмо шо секако ако си ја сакаш медицината ќе ја работиш ко шо треба и ќе се трудиш.
Се работи за човечко тело. Нема ништо гадно, страшно или грозно во човечкото тело, во било каква состојба, не бидејќи е природно тоа, туку бидејќи треба да се поправи таа штета. Друга работа е специјализација -прашање е дали ќе стигнеш до неа. Ти треба пракса, пари и пари (под услов веќе да си го има знаењето).
Колешки да не бара некоја од вас цимери? Итно ми е! Се извинувам што пишувам тука... знам дека има посебна тема ама бараме стрикно од медицина и стоматологија па затоа тука пишав. Ако има заинтересирана нека ми пиши слободно.. позз
Никој не ти гледа предмети од матурата, ама за поениве не знам што да ти речам, бидејќи Штип беше лесно за запишување пред 2-3 години, ама лани (кога се запишував јас) конкуренцијата беше голема. Имав 87,862 (така нешто) и сум во приватна квота, а последните 20 запишани (во втор уписен рок) се со поени од 85-95 (што беа одбиени од ск).
да не знај некој случајно со колку поени беше лани последниот на медицина во скопје, во приватна квота?
во секој случај фала... јас сум со 94, нешто... не е прелош просек според мене... интерните ми се за таму...а ми се мота во последно и медицина...не знам дали воопшто имам шасна таму...
Девојки да ве прашам.... За да учиш Медицина треба многу да ја сакаш и да ти оди хемија?? Затоа што имам огромна желба да се запишам таму и сакам биологија,но имам прблем со хемијата..