Знаете дали UPPI образецот треба да се пополни од наша страна и да се даде само за заверка или го пополнуваат тие? Заради тоа што не знам дали да ги пишам положените испити од iknow или од индекс, не се сите отценки внесени во iknow и различен ми е успехот
Здраво Доколку има некој што е запишан на факултет за логопед дали ќе може да ми објасни било што околу факултетот секоја информација добродојдена ќе ми е. Сакам да се запишам но сум со друго стручно и малку се плашам.
Дали за заверка на УППИ и за потврда за редовен студент треба лично да одам во деканат, или може некој друг да ми однесе? Знам дека може друг да ги земе кога ќе бидат готови, но дали може друг да отиде на мое место и да ги побара истите за мене?
Колеги, дали здравственото осигурување ќе го продолжуваат од деканат директно(електронски) со фондот за здравство или ние пак лично треба да одиме со потврда за редовен студент за да се продолжи?
Мене ми го продолжиле автоматски, ми важеше до јуни и сега гледам го продолжиле. Немав носено пптврда за редовен студент.
Бидејќи бев денес кај матичната нешто и ми вика немаш осигурување, а баш како да се сеќавам дека автоматски рекоа ќе го продолжуваат.
Иако има ваква посебна тема , сакам да прашам за тука за посигурно бидејќи сите факултети работат со различна динамика и принципи па што си е сигурно сигурно си е.... на време да се информирам да не трчам после во септември наваму натаму. Го разгледав конкурсот за стипендии и гледам дека се бара некаков УППИ образец го симнав но гледам дека ова треба да го пополни продекан за настава , како оди ова ако може некој да ми објасни. Треба тој лист да се испечати и да се однесе на факултетот? Исто и уверение за положени испити , мене сите ми се положени од прва година но на ајноу и во индекс се уште ги немаат внесено пола од оценките. За уверението мора да се внесени или како оди тоа?