Здраво, дали е оваа жиро сметката на која треба да уплатам 300 денари за запишување на факултетот? И на која е-маил адреса треба да ги испратам документите?
Сакам да прашам дали зависи кои предмети ќе ги полагаш на матура за упис на медицински.И кои предмети би ги препорачале вие?
Да, зависи и тоа многу. Екстерните не се проблем, ако бираш меѓу англиски и математика. Со новиов вид на матура 2020/21 битно е интерните да ги избереш правилно. Биологија, хемија и физика за гимназиско, а за средно стручно покрај овие мислам дека можеш да бираш и еден од стручните предмети. Покрај ова сакав да прашам дали на студенски служби може да ја купам универзитетската пријава образец А1? Или директно да одам во Студентски збор?
На iknow пријавата не ти дава уплатнца за симнување? Ние знам дека од iknow си ја симнавме и на таа жиро сметка уплативме. Не сум 100% сигурна дека беше оваа сметка. За мејл не знам, посебни беа нешто медф уписи Обрасците во трафиката пред факултет ќе ги купиш, кај Рептил што е
Здраво,дали ќе може некој да ми појасни како ќе е запишувањето оваа година.Прво се пријавуваме на уписи електронски и потполнуваме а потоа на 31и1 праќаме на меил на факултетот скенирани документи?
Дали на УППИ образецот пишувате според програма предвидено број на предмети со се изборните или како вие си ги имате распределено/слушано изборните?
здраво има ли некој искуство со проф весна велик биостатистика? односно какви прашања најчесто прашува?
Здраво. Има ли некој овде кој студира на смерот- Инженер по лабораториска дијагностика. Мислам дека смерот е од скоро, ми звучи интересно, па ако има некој да каже какво искуство има? Фала многу
Здраво. Имаме и предходно пишувано за овој предмет, но ќе објаснам и сега може и на другого да му притреба ова инфо. Мн лесен предмет, можеш да ја купиш скриптата од Штип (ја има во копир) и да ги разгледаш презентациите. Макс ќе ти требаат 3 дена за спремање. Јас лично учев помалку од 24ч.