Колеги, имам едно прашање, мој познаник сака да се запише оваа година на медицина кај нас, лани заврши средно и нема полагано матура, има 98 поени, дали би имало проблем со оглед на тоа што нема полагано матура ?
Тоа треба да се праша на студентски али мислам дека нема да има никаков проблем затоа што тој е во таа година каде што не се полагаше матура, ќе си го рангират според поените што ги има али пак добро е да се јавите на студентски прашања
Колку брзо даваат документи за испишување? На друг факултет се префрлам, дали неделава може да ми завршат одма да си земам документите или треба долго да чекам?
Jas si gi iam povleceno dokumentite zaradi lichni pricini - togash odma gi davaa. Dali za ispishuvanje isto taka odma gi davaat ne sum sigurna. Ama odi denovive da ne te fati posle guzva.
За тие што годинава ќе аплицираат Која страна ја скениравте од дипломата, дали таа првата каде пишува име и презиме или другата со оценките? И јас тој пријавниот лист го симнав од IKnow, се важи ли тој или тррба да купам? На листот што пишува точен назив на завршено образование што напишавте?
Дали некој знае какви беа преелиминаторните тестови анатомија 1 во јуни?Какви беа прашањата,дали беше тешко:
Сите 4 страни на дипломата треба да ги скенираш, едно по едно за да ги прикачиш. Од тоа што ми кажаа на форумов разбрав дека интерниот пријавен лист не се купува, туку се симнува од iknow, се купува универзитетската пријава.
Доколку аплицирате за Општа медицина на: medicina@medf.ukim.edu.mk Апликантите за Стручни медицински сестри/техничари на: sestri@medf.ukim.edu.mk Апликантите за Физиотерапевти на: fizioterapija@medf.ukim.edu.mk Апликантите за Логопеди на: logopedija@medf.ukim.edu.mk Апликантите за Радиолошки технолози на: radiologija@medf.ukim.edu.mk Апликантите за Инженери по медицинско лабораторискадијагностика на: laboranti@medf.ukim.edu.mk Апликантите за Дипломирана акушерка / акушер на: akuserki@medf.ukim.edu.mk
Фала многу! Инаку испратена iknow апликација не може подоцна да се уредува/разгледува нели? И дали се добива е-пошта откако ќе ја испратите истата?
Не може да се уредува подоцна затоа пазете како испраќате документи да не утнете нешто па да треба дополнително да трчате на факултет. Исто така не стига мејл, лани сите тоа чекаа ама не стига мејл ќе чекате да дојде 03.09 да ви објават прелиминарни резултати т.е да видите дали е се во ред со документите.
Фала многу! Како што пишаа погоре за жал мора да одиш до Скопје да го купиш или некој да ти го купи...
Во склоп на институтската зграда е, на вториот(третиот) спрат е над хисто, поточно над микро доаѓа, во таа врата ќе влезеш скроз долу во ходникот канцеларијата од десна страна, меѓу последните. Се некој ќе има тука потпрашај ако не можеш да се снајдеш.
Да прашам , јас во првиот семестар земав 2 учебника од библиотеката на МЕДФ Кога заврши ги вратив но таа таму само запиша на ливче а не ми го тргна тој печатот дека должам книга нешто промумла не се секирај и си отидов. Ама сега ми падна на памет , дали ќе имам проблем при упис на нов семестар и дали треба да одам таму да ми го поништат или како?