До 20ти август, но пријави си ги ден два порано најкасно, да не биде како прошла сесија што нешто имаа проблем за пријавување последниот ден...
Дали некој има презапишувано имунологија? Како оди презапишувањето колку пари е од кредит и дали пак се слушаат предавањата и вежбите или само се полага?
Треба да отидеш во библиотеката да ти стават печат дека си ги вратил книгите пред да запишеш семестар. Намерно не ставаат печат иако си ги вратил за да можеш да земеш до крај на година други книги, пример и сега во август и во септември. Ако ти стават печат штом вратиш книги, нема да можеш до запишување следен семестар ништо дополнително да земеш.
Во пријавниот лист каде што пишува Свидетелство бр. дали е потребно да се наведе Дел.бр. од дипломата или е некој друг број? Полето точен назив на завршената школа рачно ли треба да го наведам името на училиштето или случајно во онлајн пријавата некаде немам пополнето?
Зависи дали си приватна или државна квота. Ако си приватна е 410 денари по кредит, ако си државна е на пола 205 мислам. Не се оди на вежби и предавања барем до сега беше така
Кај проф. Ѓорѓев полагаше ли некој прошла сесија хигиена усно? И хигиена дали ве имаат известено општо кога ќе се усните испити, бар кај некој професор? Или некој ако полагал усно веќе, како се договаравте со професорите за предметов за усно полагање?
Исто е за секој смер до 31ви/1ви Мислам никој не полагаше и тие што се уклучија се откажаја заради колоквиумите. Проф. Гордана и проф. Кочубовски им имаа дадено термини после резултатите ден, два за усно, а кај проф. Игор си има оценки без усно. Се надевам барем за клиничко
И ја мислам дека ќе се оди на вежби, за предавањава им се уарни да се онлајн. Кпга ќе фатат колоквиуми никој нема да им се појави во амфи, вака од дома е друго.
јас ќе бидам студент годинава (се надевам) и мислам дека кризниот штаб предложил да биде со физичко присуство ама не знам дали тоа беше наменето за факултетите.
Ние годинава цела ја пројдовме онлајн без да стапнеме на некоја вежба на факс , ако и оваа се оди онлајн и без вежби и клиничка пракса ќе дипломираме онлајн... Мора да си направат план и стратегија особено за оние круцијалните предмети каде вежбите и праксата се неизебжни.
Јас мислам ќе одиме барем на вежби, макар и редуцирано. Штом на училиште ќе се оди физички, не гледам причина вежбите да се онлајн, кога и повеќето професори и асистенти се вакцинирани.