Башка тоа што во сесија сега доц. Мери пиша дека имунологија ќе се полага усно со 2 прашања а не како до сега со есејски така да изгледа планираат полека да враќаат во нормала или барем вежбите ,клиничката пракса и полагањата да се регуларно со присуство а предавањата онлајн или пак целосно враќање со физичко присуство.
Дали интерниот пријавен лист и останатите документи за пријавување треба да бидат рачно пополнети па скенирани ?
И на УКИМ некои факултети, неофицијално, ќе биле пак онлајн, ама нашиов стварно бара физичко присуство. Tеоријата ајде, та онлајн, та физички, не менува многу, ама праксата е друга приказна, и нема шанси да се надомести со онлајн power point презентации.
Во пресрет на почеток на новата академска 2021/2022 година Ве информираме дека наставата, особено практичната, воглавно ќе се изведува со физичко присуство, со сите препорачани мерки за превенција. Заради заштита на Вашето здравје и здравјето на пациентите со кои ќе доаѓате во контакт, како и заштита на здравјето на ваштие најблиски, ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ што поскоро за во периодот до 1 октомври да има доволно време за создавање на солиден имунитет кон КОВИД-19. УКИМ-Медицински факултет Скопје Ова стигна сега на нашата група преку верижен мејл. Една паметна одлука од страна на медф.
Изгледа на форумов не читаат овие од деканат, само што спомнавме за наставава тие пратија известување
За некои предмети мора да се со физичко присуство особено клиничките али тоа ќе биди бркање со асистентите па работат во ковид центар не можат, тешко се достапни, не враќаат на mail, а за предклиничките поголемиот дел дали се со физичко или не, не менва. Само како ќе се усогласат групите затоа што ќе треба да се многу помалку студенти од вообичаеното. Скептик сум затоа што владее општ хаос и пред короната. Да не збораме за недостапноста на асистентите и бркање по ходници. А пак не сакам да помислам некој од нас ако се разболи како ќе ги надомести вежбите, дали другите ќе одат во изолација. Дали сите ќе се вакцинираат затоа што некои сме со хронични болести и иако сме вакцинирани сме сепак во ризик. Дали ако има член во семејство позитивен дали и ние ќе одиме во изолација. Нема да е лесно изводливо али ќе видиме кога ќе го направат распоредот
Најверојатно ќе има соодветен протокол и по колку ќе бидат распоредени во група. Треба да обезбедат маски како лани KN95 и визири па на одредени клиники и специјални мантили/скафандери за максимална безбедност и на нас и на пациентите.Верувам дека сите ќе бидеме во контакт со пациенти кој преку прегледи , кој преку земање крв и давање резултати и ризикот не е мал но што е тоа е, не може да пропадне уште една година без одржана квалитетна настава.
Се е тоа супер али знаеме колку е кај нас функционално. За маските треба за секој студент мин 5 маски за 5 дена, а не 2 маски за цела година. Да не навлегваме за тоа што самиот медицински персонал не е снабден со маски многу е широка темата за дискусија. Ќе почекаме да излези распоред па ќе видиме
Штом можевме да одиме минатиот цел семестар на анатомија вежби со физичко присуство додека имаше дневно по 1500 заразени, значи и сега нема да има никаков проблем А, и нели сакавме настава со физичко присуство, па еве конечно ќе се реализира, да бидеме позитивни малку (во расположението)
Да се е то во ред. Само што друго е да се организират вежби по 1 предмет, а друго е по сите предмети. По 5 студенти од генерација со 200 рачунај по колку време би биле на факултет и плус предавања. И тоа грубо викам 200 кога е повеќе од тоа. Не само што би траеле вежбите до касно. Се крати од времето за учење. А да не ги вклопам и предавањата. Пак ќе речам дур не излези распоред само ќе нагодваме. А да не зборувам за клиничко што не се оддржуваат вежбите во зададениот термин
Штом се имаат нафатено да организираат настава со физичко присуство, претпоставувам дека имаат и добар план за таа организација. Останува да видиме до 1ви октомври. Сепак, пак ќе кажам, сметам дека одлуката не е лоша и пошо сме Медицински факултет, дури и многу траеше ова со онлајн наставата и треба да има вежби на факс.
Треба, особено за кардиологија и пулмологија. Инаку за вежбата зависи од асистентот што ќе ти се падне. Некои се трудеа да не научат нешто и да одиме на пациенти. Други гледаат што побрзо да ве пуштат хахах