Дали ќе може некоја да сподели искуство во врска со полагање биостатистика кај проф. Бети Зафирова Ивановска и на што да се обрне внимание? Благодарам однапред
Јас полагав во јануарска сесија, писмено во амфи. Имаше прашања за тие наталитет/ морталитет/морбидитет; имаше за таа поделбата на болести што беше МКБ10 нешто, да не тресам не памтам точно; медијана, модус, аритметичка средина и други кој беа не се сеќавам; и за сериите имаше прашање.. Јас задоволна сум, супер е професорката, и положува со високи оценки.
не можам ни да ја замислам разликата...дури и теоријата е сосема друго кога ќе слушнеш од професор во живо..дури во средно имаше голема разлика а не па на факултет и посебно оваков.
Дечки ќе полагам Имунологија усно па ако може некој да ми каже отприлика што прашања прашуваат и дали можеби некој има комбинации, барем да се водам по нив, да знам што да учам. Книгава по Куби е катастрофа, тешко се сфаќа...
Јас положив во Јануари и кај нас беше писмено со есејски (ТСС) ама сега во Август-Септемвриска сесија ќе биде усно и не знам што точно прашуваат на усно. Колегите полагаат на 23.08 сега во понеделник писмено тест па покасно ќе биде усното. Ако до тогаш немаш полагано ќе ги прашам што им поставувале. Поназад имам објавено еден линк со две скрипти едната според Куби и другата од професорка од Штип. Има и презентации таму , можеш да погледнеш. Се надевам ќе ти помогнат.
Не се зезам за ова со цвеќарава, true story е. Така примаат мито, од анатомија преку цвеќара, а од имуно(за Трајков) преку Хипократ.
За жал, не. Кога букна скандалот со проф. Трајков излегоа на виделина доста работи. Махери во иновативност.