Од кога почнуваат со работа на Студентски прашања може Ве молам некој да ми каже? И која страна од дипломата би требало да ја прикачам? Таа каде што пишува положена матура или таа со резултатите?
И тие од понеделник-петок(евентуално можно е сабота) од рано наутро околу 8, па до попладне кон 15-16 сигурно, барем оваа кај кафаната Хипократ шо е така работи.
Е тоа не знам, јас кога се запишував немаше пандемија и си конкуриравме физички, ама знам дека сестра ми лани ја имаше целата диплома со сите страни сликано и прикачено, ама не знам како
Една идеја имам. Сликни ја целосно (мислам 4 слики би ти дошле), и тие 4 слики конвертирај ги во еден пдф фајл, така ќе можеш да ја прикачиш целата диплома, во само еден фајл. Ова доколку сакаш во едно поле да ја прикачиш целаа.
Дечки дали има некој информации за ако некој се запише во приватна квота после може да премине во државна со висок просек или тешко ?
Може ли во едно поле да се закачат повеќе фајлови. Проверив дека можат повеќе слики да се селектираат, но не знам дали се вметнува само еден или повеќе?
Здраво на сите, јас сум прва година и ми остана уште еден предмет за полагање и тоа Анатомија 2, за кој се изнамачив веќе со изучување. Ве молам, ако знаете како на друг начин можам да положам, за врски, пари, било што, да ми кажете. Ве молам.
Што ти е уште останато од 2ката? Со што конкретно имаш проблем со совладување, ако можеме, да ти помогнеме? И цела да ти е останата, од прва рака ти кажувам дека може да се положи, ние лани не полагавме воопшто колоквиуми, за цела одговаравме наеднаш. Ако научиш добро, не ти требаат ни пари, ни врски.
Цела 2ка… искрено немам воопшто надеж дека ќе положам а не ни имам многу време за спремање, премногу сум под стрес..