До тоа ниво сум дојдена… знам дека никој не би кажал ама ајде си реков, ќе пробам… Јавна тајна е дека може со пари и пак никако не може да се дознае..
Не се секирај, убаво пиша колешката погоре, ние лани целиот матерјал го полагавме наеднаш, па се положуваше. Ете јас конкретно анатомија 2 во август положив. Се положува и во август и тоа лани бааги колеги имаше што полагаа во август, па положија. Не се секирај, повтори си го матерјалот убаво и само позитивни мисли
Ако имаш некаков совет, пример на што да обрнам најмногу внимание од сите три делови, за да стигнам да научам до полагањето, би ти била бескрајно благодарна ако споделиш.<33
Ве молам ако имате некаков совет за тоа, на што најмногу да обрнам внимание и што најдобро да научам, споделете.. Навистина сметам дека немам време за целиот материјал да го совладам добро
Вака, се зависи од тоа кај кој професор ќе полагаш, но сепак работите од типот на градба на срце и бели дробови, аорта со поглавните гранки, ductus thoracicus, truncus coeliacus, plexus coeliacus, поголемите вени, градба на црн дроб, панкрас, жеулдник, матка со лигаментите, ова сите го прашуваат. Навистина не знам што би издвоила како побитно, сметам дека целава анатомија 2 е битна, секој орган треба да се знае барем основна градба и поголемите артерии, вени, нерни плексуси.
Срце добро научи го, комори/предкомори прашуваат обавезно. Обрни внимание на хепар, утерус, желудник. Radix mesenterii i катовите (тие супра, инфрамезоколичен) мораш да ги знаеш. Васкуларизација и инервација, како и синтопски соодноси на органи бараат, и не се заглавувај со хистолошките објаснувања на органите, не прашуваат тоа. Едит. Заборавив и колешката над мене што пиша, да не повторувам, и мене ме прашуваше такви работи. Кај проф. Живадиновиќ бев.
Навистина не се секирај, може да се каже дека половина од студентите анатомија 2 положија цела лани во август. Види ги тестовите што ви ги даваа за двојка прелиминатони, за да видиш на што да обрниш внимание на нив, тоа ние не го знаеме, немавме тестови заради пандемијава. А на усно најмногу за торакс бараа медијастинум, трункус симпатикус, срце, бели дробови, спроводен систем на срце, Абдомен аорта, портокавални шантови, васкуларизација, инерваија на органи, тенко, дебело црево, бубрези, црн дроб, слезина, жолчно кесе, катовите што беа, бурза оменталис, слаби точки на абодмен. Карлица најмалку замараа дали само простата, мочен меур, матка и евентуално некој ако прашаше од ѕидовите и фациите на практично.
Па добро навистина е малку време ама факт е дека испитите најдобро се спремаат кога имаш кратко време. Некои колеги положуваат и со една седмица учење. Чудно али истинито
Здраво. Објавава не е за тука, но можеби ќе ни помогни оваа тема. Бараме цимерка за од септември (ние сме на медицина), за стан кај Романска амбасада (пеш 10мин од медф). Кирија 200 евра плус сметки. За подетални информации слободно пишете ми во порака.
Тука на форумот не ми се верува дека некој би ти дал таков податок затоа што мислам дека сите со учење си ги имат положено колоквиумите и зошто би прашвале тука и би давале совети Читкај го, учи и што ќе биди нека биди. Стресот само ти одмага. На повеќето ни била проблем анатомијата на кој 2ка на кој 3ка..Таков е напорен предметот и цело време мислиш дека се си заборавил и те фаќа страшна нервоза
Вие тригодишните вистина ќе дипломирате онлајн ако продолжиме вака Се надевам барем вежби дека ќе имаме со физичко
Многу лошо, утре ќе излезе кадар кои нема да знае да извади крв или да пипетира некаков раствор а да не збориме за посложени манипулации. Ајде јас имам и средно медицинско за оваа струка ама има студенти што се од гимназии и други школи што немаат допирна точка со ова и оваа онлајн настава ќе ги осакати така добро што по 3-4 години ефектот ќе се резултира врз пациентите и онака колабираниот здравствен систем..