Јас мислам вежби ќе си имаме физички сигурно, бидејќи од самиот факултет така кажаа, цитирам: “наставата, особено практичната, воглавно ќе се изведува со физичко присуство”. Можеби предавањата ќе се онлајн, ама вежбите, не би требало.
Проблемот е што и дел од вежбите особено тие што ги сметаат за небитни се онлајн. Пример зборам кај нас може микробиологија/клиничка биохемија ќе ги стават со физ присуство ама генетика/ сигурно ќе ја лупнат онлајн и ние како идни лабораториски работници нема да знаеме како се изолира ДНК , како се прави PCR и други битни техники. Ако ги стават сите вежби до една со физичко присуство , тогаш е океј но да не биде 70% од наставата онлајн а 30% со физичко присуство како што и преферираат да прават.
Zdravo, me interesira dokolku nekoj znae kolku poeni se potrebni za upis na trigodisnite studii za radioloski tehnolog?
Примаат со секакви поени , за да си примен сигурно ти требаат 70+ поени. Мала е заинтересираноста за тој смер и се примаат најмалку студенти во квота 20 со 20.
Искрено ме изреволтира одлукава.Според реакцииве на фејсбук гледам дека повеќето се на ист став.Како тогаш испадна од онлајн анкетата да се донесе одлука да одиме онлајн, или тоа така ни го ставија колку да се каже? Еве ние вакцинирани што сме, зошто дома од тимс да следиме заради други што не се вакцинираат(иако не сакам дискриминација, ама на овој начин ние сме тие што сме повеќе ошетени)? Зашто ако се водат според оваа одлука и од нашиов факултет, сигурно ќе ни стават едни вежби на факултет другото сѐ онлајн.Да не заборавиме дека и цела сума плаќаме за да се уклучиме на презентација на интернет.
Абе кафани, кафичи , свадби , избори и попис може ама настава со физичко присуство не. Ко божем првачиња сме па ќе се држиме сега за рачиња и ќе се гушкаме па ајде ризично е. Ако направат соодветни протоколи и мерки за заштита шансите да се појави кластер се многу мали , секој студент ја знае состојбава и фала богу ќе се пази ама не ќе плаќаме 100 евра за АЛОО СЕ слушаме , гргргргргргр и приспивни прикаски.
За сите тригодишни имаш високи шанси со 73 поени со тоа што кај логопеди/физиотерапевти/медицински сестри ќе бидеш најверојатно приватна квота додека кај лаборанти/радиолошки технолози и акушерки новиов смер би бил државна квота. Но се ова зависи од конкуренцијата , со овие поени имаш прилично високи шанси да влезеш на сите тригодишни но за квотите не би можел да ти кажам.
Целосно си во право, нормално кај нас најбитни се протоколи за кафани, за студентиве ај не се замарај со организација лупни ги онлајн и готово.
И јас мислам така, пошо нашиов факултет обично не ги следи баш одлуките на УСС. Не сме ние ФИНКИ или економски, мора да се вежбите на факултетот.
Срамота! Не знам кои се се одговорни за носење на одлуки што ја засегаат иднината на сите студенти, ама по постапкиве и одлукиве не мириса дека бил студент Свадби, кафани, журки, избори, пописи се тоа може, а учење не може, епа нека не се жалат после зошто кадарот е делумно писмен, оти никој не се замара да предава и да држи вежби, пушти таму презентација од 15 слајда и терај. Дното е допрено, се надевам дека ќе се смени одлукава во најскоро време.
Ова е само мачкање очи! Привремено да се смират стратсите, а потоа пак по старо… Има страшни несогласувања на ниво на факултет и студентите се тие шо ќе го кркаат.