Во коментар ги имаа прикачено резултатите од анкетата. Дали сериозно над 2700 студенти гласале за онлајн настава?? На некој изгледа му се уарнило препишувањето на испитите што беа онлајн.
Секако дека да, еден куп колеги дипломираа во рекорден рок заради онлајн испитиве, а сигурен сум дека и на голем дел од други факултети(доказ анкетата) тоа им одговара ама молчат. Знајте како велат, “ќути си-дупи си”.
И од кај нас не ме чуди да има. Некои гледаат само да положат, а не да научат и да добијат знаење. Не им е важно дали ќе знаат, важно им е да имаат максимум поени, макар и со препишување. Срамота е, ама тоа е реалноста.
На крај не сите факултети ќе го изедат подебелиот крај. Ова ќе сме само ние факултетите како медицински, фармација, стоматолози, ПМФ.
Па...и тие се студенти на УКИМ, имаат право да гласаат на анкета што ги опфаќа сите факултети нели? Да беше анкетава лично за вашиот факултет па да сфатам да се испотепате ама ова веќе нема логика кај терате искрено.
Ако е така, тогаш воопшто не треба да постои УСС и секој факултет треба да си одлучува сам за себе. Извини, ама филолошки, филозофски и медицински во никоја комбинација не одат за донесување заеднички одлуки за настава. Ние зависиме од вежбите на факултетот и онлајн вежби за сите студенти на медицински е уште една пропадната година.
Многу ме интересира овие 2700 студенти од кои факултети се а и анкетава им беше безвезе освен да / не / не знам и мејл да пишеш друго ништо немаше треба да направат статистика од секој факултет посебно а не вака од фи фи факултетите (оние филозофија , филологија - без навреда) каде што бубаат ќе одлучуваат за цел УКИМ и после ќе плачат како на клиника биле осакатени или имало полуписмен кадар.
Кажав јас претходно дека е слабо изводливо со оглед на тоа во каква држава живееме па да не зборам за организираноста на факултетите. Тоа во теорија убаво изгледа да е со физичко ама во пракса е слабо избодливо. Е сега по мое мислам дека ќе се организираат вежби со физичко присуство али нема да бидат сите. А предавањата реално дали се со физичко или не, не игра улога затоа што самите знаеме колкава е нивната посетеност пред пандемијата. А вежбите е изводливо ако се сака ама за сите да бидат е слабо веројатно. Кој тоа би го смислил и организирал. Испитите треба да се си физичко присуство и да се усклади распоредот да се одржуваат барем ви 2,3 дена ама одморите се најважни
Да имаат право да гласаат ама не може да се носат одлуки според тоа 1. Медицинските науки се неспоредливи со општествените 2. Анкетата беше отворена колку сакаш гласови да пушташ 3. Сите знаеме какви студенти се запишани на тие факултети и дека одат таму да имаат некаква диплома. Имам познаничка запишана на студии за предучилишно воспитание и одделенска настава а на улица се понаша како од планина симната, го влечка факсот 5 години и сега она треба да одлучува дали јас ќе одам на факс? Смешки
Не е ништо чудно и од кај нас да имаат голем број гласано за онлајн настава.Ехее на колку им се уарни без учење да си поминуваат...мене исто така нелогично ми е да средношколци идат во школо, а нас да не можат да ни организираат вежби.Плус, голем број се прележани, помалку вакцинирани, ама пак ќе се носат маски и тоа е тоа.Ние студентите па не живееме во дупка за ризикот од корона да ни е поголем на факултет отколку во кафич и диско.
Ве жалам искрено и тоа многу ве жалам. Знаејќи во каква држава живееме, ништо не ме чуди. А тоа online искрено ме заплашува не за медицина општо за било кој факултет. Зошто ако можело online не било и порано еве, сепак физичкото присуство е незаменливо. Пандемијата уште ќе трае, а одговорноста треба да е во сите нас, постојат и заштитни протоколи, маски, ракавици, визири и триста чуда еве сегс и вакцините се достапни, не знам стварно дали едно вакво гласање може да биде релевантно за иднината на студентите. Јас искрено редовно ве читам и се чудам како успевате еве да положите предмети за кои ниту еднаш како што велите не сте отишле на вежби. Еве освен Анатомија што викате сте имале минатава година, другите предмети како се снајдовте чисто онака ме интересира зошто термин "online вежби" стварно некако ми е non sense не знам како личи тоа. Особено патофиза, патологија, микро, имуно, генетика, физио, па еве и биохемија да ја ставиме тука. За клиничките не би да прашувам, веројатно бар тие не се "online"?
Ако е така, тогаш воопшто не треба да постои УСС и секој факултет треба да си одлучува сам за себе. Извини, ама филолошки, филозофски и медицински во никоја комбинација не одат за донесување заеднички одлуки за настава. Епа ова ти е одговорот. А зошто гласавте на анкетата ако сметате дека одлуката за вашиот факс не може да важи ко за сите други? Ете го тој God complex пошо си на медицина. Како да ти кажам има луѓе што навистина сакаат да учат на тие факултети и од секогаш им било желба. За останатите две, ете убаво си кажа членката во болдираниот дел. Едит: после третата точка не го ни дочитав останатиот дел после болдираното, ама си викам ај може има нешто добро напишано. Ама сепак не
Фала богу јутуб што постои ете така. Ама пак не е тоа тоа, кога отидов на едни вежби физиологија(само толку имавме, и тоа од двојката) онака како просветлена се осетив за многу работи што само од читање не сум можела баш да ги замислам.
Погрешно си ме разбрала , секаде има такви студенти но едноставно статистички студентите кои запишуваат факултет за некаква диплома одат на ваквите факултети (ова е реалност и факти , не дека нема такви што се запишале желни за знаење). Најчесто тие што препишуваат , што им се угоди ситуацијава гласаат за таа опција. Ќе си препишува, ќе си пројде така лабаво. Колку од овие 2700 гласови се реални во смисла на загрижени за здравјето , дали 300-400. Другото е се лешинари што ги мрзи да живеат а не да студираат или да прават нешто друго.
А, да не ти кажувам како учевме на физиологија 1 ЕКГ и оска на срце онлајн. Многу ми е глупаво што скоро пола генерација моментално ја брка последната сесија за фаќање услов физио 1 само зашто немаше кој на ,,вежбиве,, ,ако можам уопште да ги наречам вежби, да ни објасни кое како се црта и чита. На испит очекуваа да знаеме да прочитаме и хипо и хиперкалемија и триста чуда, а ние основа немаме. И гоолем дел од овие студенти не заслужуваат да ја изгубат годината само ради некој кој решил дека доктори треба да станеме со седење дома (малце иронично пошо во пандемијата главна е стручноста на медицинкиот кадар, ама нема везе). Од катедра биохемија слушаме 3 семестри предмети, а јас на катедрата влегов тек после година ипол прв пат во јули на усниот испит биохемија 2, иначе немаше да знам ни како изгледа внатре
Факт е дека онлајн сакаат препишувачи, тие што учат и се трудат, независно на кој факултет, сакаат физичка настава, затоа што целокупно е подобра.
А, колку од тие што гласаа за физичко присуство се реални? И едната и другата опција може многу лесно да се изманипулира, ако гледаме реално. Ова со запишувањето за диплома нема да навлегувам повеќе ама мислам дека сам си свесен дека буквално на сите факултети ги има тие и не е фер цел факултет да го окаректизираш ко "небитен" кај шо се запишуваат мрзливи. А да, да не заборавиме колку имаше бунење и жалење во темиве кога колеги пред нос со 0 знаење ви положуваа само пошо имаат врски. Било и ќе биде. И нема врска со онлајн и физичко присуство.