Зависи .. пример имаше коментар од еден дечко на финки дека поради немање зграда, подобро е онлајн да се одвиваат предавањата и еден му имаше риплеј дека студентскиот живот бил и дружба не само факс Значи очигледно е дека има и такви што сакаат со физичко присуство поради забава, журка и тоа што ќе бидат во Скопје а не баш дека им е дојдено до учење. Македонче си е македонче. Журките може да почекаат, сега се размислува и дискутира за наставата. Исто така во тие што гласале онлајн има и препишувачи, така да најдобро е секој факултет да си одлучи како може да се справи со наставата. Медицински факултет треба да почне со физичко присуство без искучок и тоа е факт!
Мене повеќе стрес ми правеше полагањето online те 15min те 20min и наместо да се фокусирам на прашањата јас го гледав одбројувањето на минутитее сега да многу од студентите решаваја заедно али тоа мене не ме интересира тоа е нивен проблем тие ќе имаат дупка во знаењето, а не јас. Вежбите треба да се со физичко барем половина од нив за да се разјаснат некои работи. Барем да знаеме ние што сме од другите градови конкретно како ќе биди дали да бараме сместување или не. Општ хаос е за сите нас. Или да направат како што практикуваа некои катедри да се има неколку вежби си физичко. Пак ќе потенцирам дека во наша корист е да е со физичко али сега ние и да дискутираме и да се нервираме нема да придонесиме ништо, затоа што знаеме колку се слуша гласот на студентот
Затоа анкетава не е релевантен доказ за овие од УСС да носат заклучоци. За ова со врските и положувањето си во право.
Патофиза се гледа недостатокот од вежби со физичко присуство, доста студенти се заглавени на практичен, а и на полагање се познаваше дека некои работи не се јасни. Вежбите беа добри, објаснуваа се супер, ама кој слушаше, кој спиеше. Патологија имаше некои вежби со физичко, ама не слушам уште па не можам да зборам. Микро некои се трудеа ептен со слики со се да доловат колку можат повеќе, ама пак и тука се познаваше дека не е се разбрано како што треба и на полагање некои од професорите имаа разбирање за тоа. Физио 1 екг онлајн поминавме, а после убаво си го бараа, а на многу нејасно. И тука се приметуваше најаснотии дека има. Физио 2 барем имавме една последна вжеба каде испитните вежби се обработуваа што беше добро и што помогна во положување. Биохемија снимаа видеа тука проблем немаше дека онлајн полагање, па никој не се пожали.
Патофиза многу заглавија да бидиме реални кога беа online колоквиумите и повеќето магично положија, а кога дојде да биди со физичко присуство кикснаја и сите знаеме зошто, вежбите и предавањата им беа супер. Некогаш не е се до вежбите како се оддржуваат туку е и до студентите колку сакаат да научат. И колку се опуштија со полагање пред компјутер наместо во амфитеатар
Онлајн положија колеги што не знаеа што е овулација ( mind that овулација се учи во 8мо одделение ). Нека им речат на Лена и на Зорка на хисто дека не знаат што е овулација, да видиме дали ќе положат. Ама на крај на краиштата, тие што препишуваат сега, ќе заглават на други предмети, бидејќи се е поврзано, и секако, кога тогаш, повторно ќе почне да се полага комплетно физички, па ќе се види кој учел, а кој препишувал.
Па еве ги сега на патофиза кукаат дека не можат тестот да го поминат, тежок бил. Па тежок е, за некој кој основни работи нема совладано на колоквиум, после на испит тешко е да се разберат вежбите. Плус, катедрата убаво направи со потежок тест и се издиференциравме барем кој стварно има научено, кој нема. А, не е само на патофиза, и на другиве предмети како физио пример со колоквиуми по 14-14,5 поени, а на испит не знаат фактори на коагулација и нормално со такво штуро знаење никој и да сака не може да помине ни со 6ка на испит.
Потежок тест направија за да се види кој учел реално, а кој препишвал на колоквиумите. Ако си ги положил со учење нормално дека полесно ќе го совладаш практичното.
Поимот “воспалување на крвните садови” кој е неопходен за екстравазација на белите клетки преставува? а) зголемено прикажување на атхезивни молекули б) намалено прикажување на атхезивни молекули в) зголемување на бројот на рецепторите за вдомување г) зголемена пропусливост на ѕидот на крвниот сад Колеги некој го знае ли прашањево , се работи за Имунологија од темата активирање и мигрирање на белите клетки. Ме прашаа да им го одговорам но и јас не го знам а и не можам да најдам одговор нигде
Сигурно е под А. За да имаме екстравазација на белите крвни клетки (претежно неутрофили) низ ендотелот до ткивото кое се соочува со акутно воспаление, ендотелот прикажува атхезивни молекули од типот на интегрини, селектини за кои се врзуваат неутрофилите, се успорува нивното тркалање по ендотелот и се овозможува нивно протнување низ ендотелот до соодветното ткиво. Таквиот ендотел кој прикажува клеточни атхезивни молекули се нарекува ,,воспален ендотел,,.Толку имам сфатено од Куби
Дали ако се презапиши некој предмет кој не е условен за следна година се губи стипендија поради презапишаниот предмет?
@Waverly Raven или некој друг од постарите, дали знаете дали ќе има некој проблем доколку наредниов семестар имам 37 кредити, со оглед на тоа што сега ќе слушам биохемија?